Реклама
Нега и здравје

Зелениот напиток за совршен изглед на Синди Крафорд

Реклама

Легендарната манекенка која важи за една од најубавите жени на светот често зборува јавно и ги открива тајните за својата убавина – за вежбите како и за начинот на исхрана.

Маркетинг

Овој пат го откри рецептот на нејзиниот волшебен пијалок со кој ја одржува убавината.

Ретко кој ќе рече дека поранешната кралица на модните писти и супер модел денес има 50 години. Згодната мајка на две деца сигурно може да се пофали со добра генетика, но исто така таа вложува и голем труд за да изгледа фантастично и во петтата деценија.

Синди вели дека не ја интересираат пластичните операции и ботоксот, за разлика од многу славни дами на нејзини години. Таа води здрав живот и се занимава со физичка активност, а една од омилените работи и е дружењето со децата во природа.

Маркетинг

Заедно со нејзина пријателка таа основа и специјална линија на производи, чаеви и пијалоци за прочистување на организмот кои се подготвуваат од свежи, органски состојки и лековити билки.

Исто така, на социјалните мрежи Синди често споделува совети и рецепти на нејзините омилени пијалоци кои и помагаат да изгледа и да се чувствува така убаво. Па така, неодамна на Инстаграм го сподели рецептот за нејзиниот омилен зелен пијалок кој го пие секое утро:

СОСТОЈКИ:

– ½ чаша флаширана вода
– 1 голема краставица
– 1 средно стебленце целер
– 2 шаки спанаќ
– 1 лимон
– 1 шолја кељ

Подготовка: исчистете го и измијте го зеленчукот и потоа ставете го во блендер, додадете ја водата и лимонот и изматете убаво.

Се пие наутро, на празен стомак.

Извор: yumama.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button