Препораки

„Зелена иднина: од градинка до училиште“: дм дрогерие маркт најави раззеленување на училишните дворови низ целата земја

Advertisement

16.9.2025 г., Скопје, Компанијата дм дрогерие маркт денес на прес-конференција одржана во скопското кафуле „Leaf“ го најави отворањето на конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ за пријавување на сите државни и општински градинки, основни и средни училишта за хортикултурно уредување и раззеленување на нивните дворови. Конкурсот е поддржан од Министерството за образование и наука, а партнер за неговото спроведување е Македонското еколошко друштво (МЕД).

На прес-конференцијата присуствуваа претставници од Македонското еколошко друштво (МЕД), ЈП Национални шуми, еколошки здруженија, инфлуенсери и повеќе медиуми.

Advertisement

„Сите сме дел од ова општество, и како дел од него имаме моќ, но и одговорност да помогнеме, бидејќи животната средина е неповратен ресурс и треба да се грижиме за неа. Одржливоста и грижата за животната средина е стратешка определба во работењето на dm години наназад. Особено сме среќни што оваа година повеќе ќе се фокусираме на градинките и училиштата – во нивно раззеленување и збогатување на знаењата на учениците и децата. Со ова, сакаме да поттикнеме љубов, одговорност и зелени навики, бидејќи овие нешта најубаво се учат од најрана возраст.“ – изјави Сандра Атанацковиќ Ѓурѓев, дел од маркетинг тимот на dm.

Промо

Конкурсот е достапен на платформата dm-zaedno.mk и ќе биде постојано отворен за праќање пријави. Повеќе информации за правилата и условите за конкурсот може да прочитате тука.

Advertisement

Садењето во градинките и училиштата ќе се одвива во етапи, во месеците што се предвидени за садење: септември, октомври, ноември, март, април и мај. Со оваа иницијатива, дм сака оваа година да инвестира речиси 1,5 милион денари за садење дрвја во дворовите на градинките и училиштата низ целата земја.

Оваа иницијатива ќе има и повисока цел – благодарение на експертизата на Македонското еколошко друштво, проектот ќе биде збогатен и со едукативни и интерактивни работилници преку кои децата и учениците во градинките и училиштата во кои ќе се садат дрвја ќе научат повеќе за важноста на пошумувањето и грижата за животната средина.

Промо

Во истиот амбиент беше најавено и следното масовно пошумување што дм традиционално ќе го организира и оваа година, во ноември. Преку проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“, изминатите 3 години беа насадени повеќе од 100 000 садници на територијата на целата земја. Оваа година од компанијата најавија дека е планирана најмасовната акција досега за засадување 50 000 садници во околината на Штип, со поддршка на ЈП Национални шуми, вработени во дм и волонтери.

Не смееме да го игнорираме фактот дека природата може без нас, но ние не можеме без природата и нејзините ресурси. Токму затоа ги повикуваме сите државни и општински градинки и училишта да се пријават на конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ и да се приклучат во раззеленување на нашата животна средина!

Комерцијален текст

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button