Диети

Зелена диета – ослободете се од вишокот килограми без главоболки!

Реклама
Реклама

Зелената диета е во принцип лесен вегетаријански начин на исхрана, наменет за лицата кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми на лесен начин и без главоболки.

zdieta1

Маркетинг

Во текот на оваа диета воглавно се консумираат овошје, зеленчук, житарици и компир, како и мали количини на посно сирење и млеко. Скоро воопшто да не се внесуваат мешунки како соја, грав, леќа, боранија и грашок, а месото, рибата и јајцата се комплетно исклучени од менито.

Важно е секој ден да се јаде помалку или повеќе по истиот распоред, но исто така е многу важно да се комбинираат различни намирници.

zdieta3

Маркетинг

Денот започнува со овошје, кое најпрво се пие во облик на исцеден сок без додатен шеќер, а како појадок се јадат цели плодови овошје или овошна салата. Овошната салата може да биде и вкусна ужина.

Во текот на претпладнето се препорачува од храната да се внесува единствено овошје, а откако истото ќе се изеде потребно е да помине барем пола час пред да се внесе друга храна.

Остатокот од денот може да се консумираат разни житарки како просо, јачмен, леќа, пченка или некои поегзотични како квиноја и амаранто. Житариците и компирот се најважен извор на енергија во текот на диетата, па треба да се консумираат со сите главни оброци. Компирот секогаш се јаде варен и препорачливо е да се припрема како салата или во вод на манџа. 

Ручекот, односно главниот оброк треба да се започне со сок од свежо овошје, а како неизоставен дел во чинијата се наоѓа и готвен интегрален ориз или компир. Со ручекот може да се јадат обилни количини на готвен или динстан зеленчук во кој не се додаваат масти, дури ни во облик на масло за јадење.

Вечерата како и ручекот треба да се започне со свеж сок од овошје. За вечера се припрема свежа салата од разен зеленчук. Изборот на зеленчукот во зависност од деновите или јадењето не е строго одреден, туку креирањето на салатите со главното јадење е оставен секому на сопствен избор. Маслата скоро воопшто да не се користат.

Исто како и овошјето, млекото и ферментираните млечни производи (киселото млеко, јогуртот…) исто така не смеат да се мешаат со ниту една друга храна и се консумираат самостојно. Понекогаш оброкот може да се надополни со свежо сирење или некоја друга врста на посно сирење, кое се препорачува во комбинација со зеленчук, најчесто во форма на салата.

Пример за исхрана во текот на еден ден:

zdieta4

Најпрво: Чаша свежо исцеден сок од овошје.

Појадок: Овошна салата со пола лажица мед.

Ручек: Чаша сок од домати, густа супа од моркови со парчиња тиквичка и интегрален ориз, парче тост и салата свежа зелка.

Ужина: Јогурт.

Вечера: Чаша сок од моркови, шопска или мешана салата.

zdieta2

Овој тип на диета исто така првенствено е наменета за детоксикација на организмот при што како последица доаѓа и до губење на килограми. Диетата е богата со хранливи влакна кои го поттикнуваат процесот на детоксикација, го регулираат варењето и помагаат во намалувањето на високиот холестерол.

Друга одлична страна на Зелената диета е што му осигурува мноштво витамини на организмот, како и минерали и фитохемикалии (антоцијанин од зрнестото овошје). Сепак, на оваа диета и недостасува адекватно внесување на протеини, дури и оние од растително потекло.

Не се препорачува внесување на јаткасти плодови и семки кои би можеле да ја збогатат храната со потребните хранливи материи, а компирот секогаш треба да биде варен!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button