Реклама
Култура[тор]

Здраво Млади!

Реклама

Вие возбудени – ние уште повозбудени!  Ги најавуваме и првите артисти на Здраво Млади 2012!

Маркетинг

PRINZHORN DANCE SCHOOL од Англија, дуото кое пред месец дена го реализираше хит албумот “Clay Class”!Харизматичниот мексиканец кој минатата година го издаде феноменалниот албум Super Vato, НЕ супер стар диџејот REBOLLEDO! Со сигурност еден од најинтересните автори на новата електорнска музичка сцена, основачот на издавачката куќа Comeme – чилеанецот MATIAS AGUAYO со настап во живо!

Очекувајте наскоро нови имиња, пропратна програма, информации за цени и продажба на билети, а во меѓувреме слушајте музика, отворете очи и уши, не верувајте на се’ што ќе слушнете и видите на ТВ, и следете нé на:

Маркетинг

zdravomladi.com | facebook.com/zdravomladi | twitter @ZdravoMladi

PRINZHORN DANCE SCHOOL
prinzhorn-dance-school.com

PRINZHORN DANCE SCHOOL е музичкиот назив на Тобин Принц и Сузи Хорн. Дуото ја создава својата музика во една напуштена црква во Британија, од каде црпи инспирација и за своите визуелизации и видеа.

Нивниот деби албум е издаден под њујоршката DFA Records, а во Британија под EMI. Тој чекор го поттикна британскиот Гардијан да ги опише како „најмалку комерцијалниот бенд кој некогаш потишал за голема издавачка куќа”. Принц и Хорн прават музика која е ретка, оригинална, бескомпромисна и ексцентрична. Но никогаш под условот ‘само колку да ја направат’. „Ги користиме звуците во нашите глави и ги снимаме. Ако на публиката и се допаѓа тоа во ред, ако не, тогаш исто во ред.” – Тобин Принц. (прочитај повеќе)

{youtube}VQfT_YalaZM{/youtube}

REBOLLEDO
www.myspace.com/rebolledosound
www.kompakt.fm/artists/rebolledo

 
Артистот Rebolledo е роден и израснат во Ксалапа, братско Мексико и ја започнува својата кариера како ДиЏеј во 2002. Набргу, овој артист прераснува во еден од најбараните и најпознатите резидент диџеи на легендарниот клуб Сантанера во Плаја Дел Кармен на мексиканскиот залив (Michael Mayer, Superpitcher, Gui Boratto, Matías Aguayo, Rub N Tug, James Zaviela, Thievery Corporation, Jazzanova, Kid Loco, Justin Martin, Mr C, Italo Boyz,The Juan Maclean, Tommie Sunshine…). Таму, Rebolledo го развива својот звук и неговиот стил на презентирање, миксање на нови и ретро денс  траки, носен од постојаниот грув на диско музиката. Чувствувајќи потреба да  ја поврзе музиката која ја пушта во клубовите, Rebolledo креира свои груби и остри ритми…

Откако дебитира под издавачката куќа Cómeme, со неговиот ултра популарен андерграунд клубски хит Pitaya frenesi, го издава своето прво соло 12’’ ЕП – “GUERRERO…
Минатата година Rebolledo го издава одличниот албум Super Vato за култната германска издавачка куќа KOMPAKT. Албумот доживеа одличен успех и одлични критики како од медиумите, така и од публиката која од ден на ден е се побројна…  (прочитај повеќе)

{youtube}LwWZI_k3Vlg{/youtube}

MATIAS AGUAYO

www.last.fm/music/Matias+Aguayo
www.kompakt.fm/artists/matias_aguayo

 
Мatias Aguayo е роден 1973 година во Сантијаго Де Чиле, но себеси се смета како жител на целиот свет. Aguayo е еден од ретките артисти кои денес се стремат кон вистинска оригиналност во музиката која ја создаваат, нудејќи една уникатна музичка визија која од моментот на создавањето ги предизвикува вообичаените очекувања од електронските артисти и диџеи.

Неговите први настапи во Келн, Германија се случуваат во раните деведесети години, каде со останатите изведувачи од Kompakt – Wolfgang Voigt, Michael Mayer и Jurgen Paape ја осмислуваат и реформираат германската техно сцена…

…Неговите настапи, исполнети со отровен микс на хаус, свинг, итало диско, кваито, техно и електро се се повеќе зачудувачки…

…Служејќи му како најголема инспирација за креирање на музика, Cómeme претставува логична еволуција на BumBumBox журките, своевидно искуство и конкретна реализација на неговиот сон – да се воведе повторно општествениот аспект назад во центарот на настаните.  Неговиот последен албум под издавачката куќа Kompakt, амбициозниот Ay Ay Ay издаден во 2009, како и неговите последни настапи со бендот, јасно го поплочуваат патот кон неговиот успех…  (прочитај повеќе)

{youtube}JE12dG6i6i4{/youtube}

SHOPPINGMAGAZINE.MK

[issuu width=420 height=280 embedBackground=%231c181c shareMenuEnabled=false backgroundColor=%23222222 documentId=120308102057-a1d3c49c84a3411090e336248f289054 name=broj4 username=shoppingmk unit=px id=3098c961-d890-8482-122d-f33b56f7240c v=2]

Разлистај го мартовското издание на ShoppingMagazine.mk
со едноставен клик на копчето EXPAND!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button