Здравко Чолиќ има нова песна, ремек-дело на Тончи Хуљиќ – каква магија е ова! (видео)
Иако двајцата уметници ги врзува долгогодишно пријателство, ова е нивната прва заедничка песна, момент што љубителите на балканската музика со нетрпение го очекуваа.

Легендарниот пејач Здравко Чолиќ ја претстави својата нова песна „Тамо“, создадена во соработка со композиторот и продуцент Тончи Хуљиќ.
Иако двајцата уметници ги врзува долгогодишно пријателство, ова е нивната прва заедничка песна, момент што љубителите на балканската музика со нетрпение го очекуваа.

Текстот на песната го потпишува Вјекослава Хуљиќ, која и овојпат успеала поетски да го долови оној непогрешлив печат на Чолиќ – емоцијата што се движи меѓу копнеж и ведрина, меѓу сеќавање и вечно траење.
Музиката и аранжманот се дело на Тончи Хуљиќ и Хрвоје Домазет, додека за миксот се погрижил Томо Мрдулја. Видеоспотот, снимен во Сплит, совршено ја надополнува атмосферата на песната, која зрачи со медитеранска топлина и филмска длабочина.
„Тамо“ е современа балада со класичен допир препознатлив за Чола, нежна, мелодична и исполнета со искрена емоција што без напор ја освојува публиката. Во време кога новите песни брзо се забораваат, Чолиќ повторно го нуди она што го прави непроценлив дел од музичката историја на регионот – топлина, искреност и чувство на блискост.
Слушнете ја песната.



