На многумина, кои внимаваат на исхраната, тешко им е да ги заменат брашното и шеќерот додека подготвуваат слатки колачиња. Но, дали сте помислиле дека истите можете да ги замените со сладок компир? Во продолжение ви прикажуваме еден одличен рецепт, кој можете да го испробате уште за празнициве.
Потребни состојки:
- 300 грама пире од слатки компири
- 250 грама бадемов путер или путер од кикирики
- 3 лажички какао
- 1 – 2 јајца (по ваша желба)
- 60 милилитри јаворов сируп
- 1 ванила
- 2 лажички цимет
- 1 лажичка сода
Начин на подготовка:
Боцнете 3-4 слатки компири со виљушка и печете ги во рерна еден час. Ова можете да го направите и еден ден претходно и потоа да ги складирате компирите во фрижидер. Загрејте ја рерната на 180 степени. Измешајте ги сите состојки во сад, притоа додавајќи го јајцето последно. Во коцкесто тавче ставете хартија за печење и откако добро ќе ја изедначите смесата сипете ја одозгора. Печете 25 минути и сервирајте ги колачите изладени после половина час, па воодушевете ги вашите најмили.