Превенцијата и правилната нега се многу значајни за здравата кожа на рацете во зимските месеци.
Превенцијата и правилната нега се многу значајни за здравата кожа на рацете во зимските месеци. Нашата кожа треба да се избори со екстремните надворешни услови, комбинирани со големи температурни разлики во животниот и работниот простор. Погледнете ви овие совети кои ќе ви помогнат да ја задржите посакуваната кожа на рацете дури и во студените денови.
Сапун
Во зима препорачливо е да се користат течни сапуни со глицерин, млеко или мед, бидејќи тврдите сапуни можат да бидат груби и да го оштетат pH-балансот на кожата, односно регулацијата на проток на вода и електролити. При купување треба да се избираат течни сапуни со ознака „за чувствителна кожа“, односно хипоалергиски, особено ако кожата е сува и чувствителна.
Миење
Рацете, нормално, треба да се мијат, но не опсесивно „на секои 5 минути“. Врелата вода не е неопходна, освен во случај на многу нечистотија, бидејќи дополнително ја исушува кожата. При миење раце треба да се посвети внимание на дланките, додека за наддланките доволно е малку пена и нежно триење.
Ракавици
Заштитата за раце во вид на ракавици е неопходна во текот на зимата. Ракавиците можат да бидат од памук, или волна, со еден или со сите прсти. Тие не само што ја штитат кожата на рацете, туку се и убав моден детаљ. Исто така, ако се работи со хемикалии треба да се користат заштитни ракавици, како гумени така и оние тенки т.н. хируршки.
Извор: betty.mk