СО ОВА И ПИЦАТА СТАНУВА СУПЕРЗДРАВА: Големо враќање на заборавената древна пченица
Во однос на пченица, камутот содржи од 20 до 40 отсто повеќе протеини, повеќе минерали (особено селен, цинк и магнезиум), повеќе витамини, па дури и 65 проценти повеќе амино киселини. Затоа, добрите познавачите на камутот велат дека оваа високо-енергетскатажитарка е совршена храна за спортисти и сите оние кои се занимаваат со тешка физичка работа.
Вкусот на камут пченицата е полн и сладок, поради што многумина ја нарекуваат „слатка пченица“.За да не доминира нејзиниот вкус, често се меша со други видови брашно. Од камутотсе прави добар леб и тост, колачи, палачинки, разни грицки и други пекарски производи. Природно цврстото зрно може да се подготви како полав, ладна салата, или наместо тестениниво супи. За да се добие идеална форма, камут пченицата треба да се готви во двојно повеќевода, на пример, две чаши пченица се вари во четири чаши вода. Оваа пченица може да се купи во продавниците за здрава храна, а цената и не е многу повисока.
Продолжете да читате на следната страна >>