СО ОВА И ПИЦАТА СТАНУВА СУПЕРЗДРАВА: Големо враќање на заборавената древна пченица
Оваа древна сорта житарки, похранлива и послатка од обичната пченица, биолошки целосно чиста и недопрена од генетскиот код откако постои најмногу им одговара на луѓетото кои се чувствителни на глутен.
Заедничкото име за овој древен вид пченица, од брендот камут, е корасан (кhorasan). Оваадревна роднина на современатадурум (тврда) пченица отсекогаш се одгледувалаоргански, никогаш не се ставалаво хибриди, не била генетски модифицирани и крајно е квалитетна.
Камут е име преземено од староегипетскиот збор „ka’moet“, во превод „душа на земјата“,а регистрирано од американската компанија „Камут интернешнл“. Овој вид пченица ја сакаат поради природниот сладок и богат вкус, поради одличната хранлива вредност и мазната текстура. И покрај тоа што содржи глутен, оваа житарка добро ја поднесуваат многу кои се чувствителни на глутен од пченицата. Затоа, Меѓународната асоцијација за испитување алергии на храна заклучила дека за повеќето чувствителни на глутен камутот може одлично да ја замени пченицата. Истражувањата покажале дека чувствителноста кај алергичните на глутен се намалува дури за 70 процентиако консумираат камут. Сепак, камутот не им се препорачува на оние кои страдаат од целијачна болест. Сомлениот камут може да се користи како замена за пченично брашно во правење леб и печива.
Продолжете да читате на следната страна >>