Диети

Здрава диета со печурки за витка линија и убава кожа и коса

Реклама
Реклама

Заменете го месото во исхраната со вкусни и здрави печурки и за брзо време ќе се ослободите од масните наслаги на критичните места и ќе имате поубава кожа и коса.

Печурките содржат влакна кои ја поттикнуваат работата на цревата и придонесуваат за чувство на ситост така што нема да посегнувате по нездрава брза храна која придонесува за таложење на масти во телото. Оваа диета е идеална токму за оние кои не поднесуваат чувство на глад бидејќи печурките ве заситуваат и одржуваат сити. Тие се нарекуваат „месо за вегетаријанци“ и претставуваат идеална замена за месото, посебно ако сакате да изгубите некој килограм на здрав начин. Оваа диета се заснова на исфрлување на месото од исхраната и негова замена со печурки. Нема гладување и исцрпување на организмот туку умерено и здраво слабеење.

Маркетинг

Печурките во својот состав содржат протеини и влакна кои создаваат чувство на ситост, а имаат многу малку калории – на пример 150 грама печурки содржат само 30 калории! Оваа диета ќе ви помогне да го подобрите изгледот бидејќи печурките содржат и витамин Б, железо, цинк, калиум и селен кои се одлични за кожата, косата и ноктите.

Диетата се спроведува во период од 5 недели за кои можете да изгубите околу 5 килограми врз основа на внес на 1.550 калории на ден во форма на 5 порции на овошје и зеленчук и половина литар млеко за да се осигура потребната количина на хранливи состојки.

Маркетинг

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2 3Следна страница
Back to top button