Па, да, и зимата може да биде супер сезона, само потребно е работите да ги гледаме од малку поинаков агол.
Снег, празници, зимски распуст, гледање филм во топла соба, елки, камин, џемпери, топло чајче, скијање, греано винце, мммм…
Но, тоа не значи дека кога ќе ги отвориме плакарите да извадиме капут вниманието не ни го одвлекуваат нашите омилени пролетни здолништа. Едноставно тие ни недостасуваат во овој период од годината и тоа многу, нели?
Токму и затоа за денес решивме да објавиме текст за нив! Еве две шик идеи како да ни биде топло, и притоа да носиме здолниште кога е студено. Секако дека не велам дека треба да го носиме кога надвор се подготвува виулица, освен ако не сте решена да го скршите малерот и лошото време. Но овие предлози во комбинација со капут и ракавици, добри чевли или чизми до глужд, можат да бидат собршен избор како за вечерна, така и за дневна варијанта. Погледнете!
Комбинација за прошетка низ град …
Комбинација за на факултет, школо, шопинг, кафе со пријателките …
Па, што мислите за овие две комбинации?
види повеќе » |