Поради овие здолништа одвај чекаме да дојде новата пролетна сезона
Широките здолништа со средна (миди) должина веќе неколку сезони важат за едни од омилените модели на многу дами од целиот свет.
Тие се во тренд и оваа пролет, а тоа можевме да го видиме и од полиците во продавниците на познатите хај-стрит брендови каде веќе не чекаат прекрасни парчиња. Тоа особено се однесува на плисираните модели кои испловија на површината пред две-три сезони но ништо помалку симпатични не се и моделите со карнери или направени од тил.
Можете да ги носите со маица и блејзер и на овој начин да ги носите дури и на работа, а во комбинација со кожна јакна и чизми да одите на кино. Во комбинација со добри високи потпетици и „фенси“ горен дел можат да бидат и одлична варијанта за излегување, па дури и да го заменат фустанот што планиравте да го носите на свадба.
Па, погледнете ги моделите што ги избравме специјално за вас и изберете ги оние што ви се допаѓаат најмногу.