Молитва за мајките: Зборови кои треба да ги знае секоја жена за доброто на своето дете
Помолете се за доброто на своите деца со оваа молитва за мајките која потекнува од еден манастир.
Помолете се за доброто на своите деца со оваа молитва за мајките која потекнува од еден манастир.
Свет оче, бесмртен, од кој излегува сето добро и благодет, ти се молам за децата кои ми ги даде да ги родам. Чувај ги во својата милост и светлост. Упати ме со својата милост како да ги израснам за да го славиме твоето свето име, а на корист на останатите луѓе. Подари ми го потребното трпение и сила за тоа. О Господи, просветли го разумот на моите деца со твојата мудрост, да научат да те сакаат. Всади го во нивното срце стравот и одбивноста кон секој порог, за да може да чекорат низ патот без грешки. Украси ја нивната душа со чистота, доброта, трпение и секакви доблести. Чувајте ги нивните усни од секакви клетви и лаги. Благослови ги моите деца за да може да напредуваат кон светлост и да растат под твоја заштита.
Награди ги моите деца со сите дробрини кои им се потреби. Сочувај ги од гнев, несреќа, зло и маки низ сите денови на нивниот живот. О, добри Господе, ти се молам да ме наградиш и мене со радоста и веселоста од моите деца. Чувај ме во праведност, да можам со своите деца да застанам пред тебе и да кажам: Еве ме, Господе, со децата кои ти ги ми ги даде, заедно со нив го величам твоето име, сѐ додека трае овој свет. Амин.