Реклама
MAMAКафе муабет

Мајчина молитва: Зборови кои треба да ги знае секоја мајка за доброто на своето дете

Реклама

Вака помолете се за своите деца.

ФОТО: Shutterstock

Оче свет, бесмертен, од кој излегува сета доброта и благости, ти се молам за децата кои ми ги подари да ги родам. Сочувај и во својата милост и светост, за твоето име да се прослави во нив. Упати ме со својата милост како да ги одрастам за славење на твоето свето име, а не во корист на останатите луѓе.

Подари ми го потребното трпение и сила. О Господе, просвети го разумот на моите деца со твојата премудрост, да научат да те сакаат. Всади во нивното срце страв и одвратност кон секој порок, за да можат да одат по прав бат, без грешности. Украси ги нивните души со чистота, доброта, понизност, трпение и со секаква доброта. Чувај ги нивните усни од сите клевети и лаги. Благослови ги моите деца да можат да напредуваат и да растат под твоја заштита, но и да бидат чесни луѓе. Нека нивните ангели чувари бидат со нив и нека ги чуваат од сите грешни мисли и нечисти духови.

Маркетинг

А кога моите деца ќе згрешат пред тебе, не свртувај го лицето од нив, туку, според твоето милосрдие, биди милостив и кон нив, затоа што ти си единствен кој ги чистиш луѓето од секаков грев. Награди ги моите деца со оние земски добрини и со се’ што им е потребно за спасување. Сочувај ги од гнев, несреќа, зло и мака во текот на сите денови од нивниот живот.

О, добри Господе, ти се молам награди ме и мене со радост и среќа од моите деца. СОчувај ме во честитост и правеност, да можам со своите деца да стојам пред тебе во судниот ден и без страв да можам да кажам: Еве ме, Господе, со децата кои ми ги даде, заедно со нив го величам твоето најсвето во името на Отецот, Синот и Светиот Дух, се’ додека трае овој свет.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button