Филип Крстевски кој „го остави фотоапаратот“ за да се фати за ножиците, иглата и платното и одлучи кариерата да ја гради во модната индустрија, е еден млад моден дизјанер кој во последно време привлекува внимание кај јавноста. Тој има специфичен изглед и секогаш е дотеран во најнова мода, а воедно фасцинира со својата досегашна работа, неговите креации не останале незабележани.
Тој е дипломиран текстилен инженер, високто образование го завршил во Универзитетот „Паисиj Хилендарски“ во Пловдив, Бугарија.
Го поканивме да поразговараме со него за да го запознаеме малку подобро.
Како влеговте во светот на модата?
Од мали нозе сум мечтаел да еден ден мојот сон се оствари а тоа е да МОЈАТА ПРОФЕСИЈА БИДЕ МОДАТА и да станам Моден Дизајнер . Со тоа што уште од мал ме влечеше тоа и го чувствував во себе ,затоа што првенствено мојата инспирација беше цртањето и разновидноста на колористичните материјали . Уште како мал бев специфичен и го бирав она уникатното што моите родители ми го купуваа за да го носам на себе . Отсекогаш сум бил стилски впечатлив пред очите на јавноста во моите фотографии . По завршувањето на моето студирање на Универзитетот за Мода јас мојата мисија ја продолжувам и се надоградувам и досоувршувам и работам како Моден Дизајнер .
Кои се вашите модни идоли?
Кога сме кај Модата и моден идол тука би ја издвоил Викторија Бекам кој каде и да се појави плени со својата уникатност и автентичност. Исто така онаа која што сум ја гледал уште од мали нозе и сум ги пеел нејзините песни тоа е Американската пејачка позната како Кралица на Поп Музиката –Мадона,и на крај сакам да ја издвојам познатата Поп Дива Јелена Карлеуша која преку својот стил покажува и докажува дека и балканот може да парира на светските трендови .
Дали имате муза?
За мене можам да кажам дека е муза женската силуета . Заради тоа што секогаш кога сум цртал уште од мал тоа сум го изразувал на хартија на некој специфичен начин по кој сум бил препознатлив. Честопати кога сум одел во Училиште на часот по Ликовно бев омилен лик на моите соученици и мојот Професор , заради тоа што кога ја изразував женската силуета на хартија тоа беше во мој препознатлив стил, издолжуваќи и нагласуваќи ги широките колкови , и бујното деколте. Па поради тоа кога сакав да им помогнам на моите соученици кога не беа спремни за на час , јас бев честопати задолжен давајќи им помош , и цртаjќи да не останат без домашна работа. Но кога домашната беше прегледана од страна на Професорот тој знаеше дека уметничките дела се насликани и пренесени од еден уметник ( а тоа сум јас) и кажуваше нема потреба што понатаму да гледам и прегледувам СЕ МИ Е ЈАСНО .
Како ќе ги опишете вашите креации, по што е препознатлив вашиот стил на изразување?
Од секогаш сум ја сакал различноста кај луѓето , луѓето кога стилски се делат од она монотоно и исто . Секогаш сакам кога луѓето често работат на нивниот имиџ, стил кога се трансформираат дали тоа би било коса,фризура,облека,накит . Кога сме кај моите креации јас настојувам на Високата Мода и нејзиното третирање . Сакам да работам на Доста поразлично и доста уникатно нешто спроти уличната мода . Ги сакам флуросцентните колористични материјали кои би ми служеле за изработка на некои сценски костими . Костими кои би биле изработени за сценски настапи, ревиски парчиња и многуборјни модни детали кои би ги вметнал во секојдневието .
Бевте на Моден викенд Скопје, како ќе го оцените ова издание на модниот настан?
Да бев на Моден Викенд Скопје . Со тоа што неодамна имав и соработка со Моден Викенд Скопје . Среќен сум кога гледам дека во нашата држава се оддржуваат настани од таков тип. Често добивам покани занастани од типот на мода бидеќи луѓето добро ме знаат што работам и што сакам , па затоа би ми било чест и задоволство да ги посетувам настаните од тој карактер . Гледам да бидам пристутен со одлично друштво кое прати мода и да изгледаме доста уникатно кога ке се појавиме.
Ве забалежавме дека бевте во убаво друштво на ревијата од каде се познавате со професорката Калтрина?
Кога сме кај Калтрина тука ке кажам дека неодамна имавме модна соработка со уникатни рачно изработени модни креации од мене и моите колеги .
Кои модели/манакени би ги издвоиле како најдобри кај нас?
Од нашата модна сцена во Македонија од женските модели би ја издвоил нашата манакенка која е доста популарна и плени со својот шарм и убавина , тоа е Сара Дојчиноста а додека од естрадната сцена би ја издвоил грациозната дама –инфлуенсерката Агнеса Органџиева ,дама која негува несекојдневен стил и плени со својата уникатност.
Зошто модата за мажи е толку малку застапена во Македонија?
Затоа што сме стереотипни Мачо Балканци .
Што правите во моментов на што работите?
Во моментов се занимавам со модна соработка со светски звезди во рамките на една позната модна куќа . Паралелно работам на изработка на мои модели и аксесоари , кои наскоро ке ги промовирам преку моја Модна ревија во еден од познатите скопски објекти . Секако ке ми биде чест да ве поканам да ја испратите мојата Модна ревија .
Каде се гледате себеси во иднина?
Се гледам себеси НА СВЕТСКА МОДНА СЦЕНА .