„ЗАСЛУЖУВА ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕ, СЕ МОЛИМЕ НА БОГА ДА ПОБЕДИ“ Откриени нови детали за здравствената состојба на Саша Поповиќ
Директорот на „Гранд“ Саша Поповиќ веќе извесно време води животна битка, поради што шест месеци не се појавува на јавни настани или воопшто во јавноста.
Откако во мај се појавија фотографии на кои се гледа како тој се лекува во Ортопедскиот завод во Бањица, пред која беше виден во инвалидска количка, со ногата во гипс до коленото, Поповиќ исчезна од јавниот живот.
Како што сега дознаваат медиумите од соседството, поради нарушениот имунитет и болеста со која неодамна се соочил шефот на Гранд, лекарите му предложиле да ја смени крвта, за да го зајакне телото, покрај веќе постоечките терапии на кои се подложил.
Во последно време Саша редовно оди во странство и се консултира со доктори кои се најголеми експерти низ Европа.
Ситуацијата, како што тврди блискиот соработник и пријател на Саша, Зоран Пејиќ Пеја, се подобрува.
Саша Поповиќ деновиве се бори со сериозни здравствени проблеми поради кои со месеци не се појавува во јавноста.
Ситуацијата, како што тврди блискиот соработник и пријател на Саша, Зоран Пејиќ Пеја, се подобрува.
– Се подобрува, исклучително ми е драго што е така, да не го урочам. Сите наши пријатели и јас се молиме на Бога Саша да победи. Тој е голем борец и голем човек, заслужува да се извлече. Се подобрува, бавно е, но остварливо – рече тој, па додаде:
– Добро се држи. Тој знае што треба да направи. Тој патува, оди во Франција и се враќа дома. И тука има прегледи и лекари кои се грижат за него. Сега тој е фокусиран на своето здравје. Сите контакти поврзани со Гранд ги прави телефонски и дава директиви затоа што е сепак музички магионичар и сето тоа без него не би било тоа што е – заклучил Пеја за Свет.
Саша Поповиќ е познат по својата харизма и талент, а при опоравувањето му недостигаше присуството во музичкиот свет. Со оглед на тоа како се чувствува во моментов, останува да се надеваме дека наскоро ќе најави нови проекти и настапи кои ќе ги израдуваат своите обожаватели.
Да потсетиме, во текот на летото медиумите брмчеа како состојбата на Саша се искомплицирала, а Поповиќ направил дополнителни тестови и специјалистички прегледи за да ја утврди точната причина за тегобите што ги чувствувал. По добиените резултати и разговори со специјалисти, тој одлучил да замине во странство и таму да направи дополнителни прегледи, како и консултации со лекарите за понатамошно лекување. Исто така, таму ќе оди на терапија.
– Поповиќ си ја скрши ногата и имаше гипс. Некои од наодите сепак не им се допаднале на лекарите, па решиле да направат дополнителни анализи и снимања. Ситуацијата не е безопасна, а тоа се гледа од Саша и Сузана. Се договорија да заминат во странство за да може да ја прими најдобрата можна терапија – изјави упатен извор близок на Поповиќ, а пренесе република. рс.