Нега и здравје

Заштитете се од комарци без да користите различни хемии

Advertisement

Комарците се на сите страни и се чини дека најмногу сакаат деца.

 

Advertisement

Комарците се на сите страни и се чини дека најмногу сакаат деца. За да се спасите од овие досадни инсекти, најпрво би требало да испробате неколку природни решенија, пред веднаш да посегнете кон различните препарати кои содржат различни хемикалии. Експертите советуваат малите деца да ги облекувате во посветли нијанси, затоа што комарците ги привлекуваат темните бои. Избегнувајте слатки и овошни мириси, дезодоранси, омекнувачи за алишта и слично, затоа што комарците се „лепат“ по нив.

komarec

Во спалната соба поставете прозорски мрежи, а не би било лошо да поставите и саксија со босилек, затоа што инсектите бегаат од неговиот мирис. Исто така уште еден добар избор е и лимонот. Пресечете го на половина и оставете го во собата во текот на ноќта. Ако сепак се одлучите да купите некој спреј, задолжително барајте го оној кој е наменет и за деца, а не пропуштајте ниту да го прочитате упатството.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button