Есента е веќе овде, а нејзините плодови се вкусни и полни со здравје. Искористете ги тиквите и подгответе го овој вкусен компот.
Потребни состојки:
- 1 килограм тиква
- 14 лажички шеќер
- 1 литар вода
- Една кесичка ванилин шеќер
- 1,5 децилитри јаболков оцет
- 5 зрна каранфилче
- Малку цимет
- Малку ѓумбир во прав
Начин на подготовка: Исчистете ја тиквата од семки, излупете ја и исечкајте ја на крупни коцкички. Во голем сад ставете вода, двата вида шеќер, оцет и каранфилче, па варете. Кога ќе зоврие, додајте ја тиквата, поклопете и варете 15-20 минути. Тиквата треба да омекне, но водете сметка да не биде превриена. Две три минути пред крајот на варењето додајте цимет и ѓумбир во прав, па тргнете од оган. Компотот консумирајте го ладен.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .