Зар мораше да се случи ова за да сфатиме дека нема ништо поважно од здравјето и семејството?
Новонастанатата ситуација со коронавирусот ни даде многу лекции кои ќе ги паметиме вечно.
Брзиот живот кој го имавме, трчајќи од едно до друго место, постојано обидувајќи се да завршиме што е можно повеќе обврски, не ни дозволуваше да имаме време да седнеме со нашите најблиски, да поразговараме, да се прегрнуваме и да се забавуваме. Секогаш со мислите бевме на работа, пресметувајќи уште колку време ќе ни пристигне платата, обидувајќи се да го фатиме и последниот рок…
Но, кога ние самите не успевавме да си ги отвориме очите, се случи оваа ситуација која не’ натера да седмене дома и да сфатиме колку прекрасно семејство сме имале! Тогаш видовме дека нашите најмили се’ уште ја имаат истата насмевка, дека ги имаат уште тие прекрасни очи кои ни будат радост и надеж…
Сега имаме време да седнеме со нашите деца и да ги правиме сите оние активности кои ги прелистувавме на интернет и кои ни изгледаа привлечни, но никогаш не наоѓаа ред на долгата листа, зашто секогаш приротетни ни беа другите обврски…
Сега имаме појасен поглед и уште еднаш си потврдуваме самите дека сепак здравјето е она што ништо не може да го замени! Само здравиот човек може да биде среќен човек!