Рик е мал еж, стар седум месеци, кој живее во Украина. Неговата сопственичка Диана веднаш се заљубила во него и воопшто не погрешила кога одлучила да го вдоми, затоа што од тој ден малиот Рик ѝ го разубавува секој нов ден.
Дури и во најлошите денови, Рик е тој кој успева да ја насмее. Затоа одлучила на нејзиниот драг еж да му направи посебен Инстаграм профил и да ја сподели својата среќа со другите луѓе ширум светот.
Малиот еж сѐ уште нема илјадници фанови, но веруваме дека ова мало животно ќе ве освои со својот шарм. На неговиот Инстаграм профил можете да видите забавни фотографии и видео снимки, како и креативни фотографии кои неговата сопственичка со задоволство ги споделува. Па, ако ви е потребно добро расположение, тогаш сигурно сте на вистинското место!