Реклама
Портрети

Запознајте го Џон, 20 годишниот бездомник кој Кендал и Џиџи го направија топ модел

Реклама

Приказната на ова 20 годишна момче е една од оние типични приказни за остварувањето на американскиот сон и сигурни сме дека ќе ви се допадне.

Неговото име е Џон Економу. Тој до неодамна живееше номадски живот на плажата Венис во Америка. Еден убаво сончев ден на истата плажа се појавуваат Кендал Џенер и Џиџи Хадид заедно со дузина телохранители и камермани, а младиот Џон е љубопитен и сака да види кои се овие девојки и за што станува збор. Тој отпрвин не ги препознава и сосем случајно му се укажува прилика да започне разговор со нив. Џон (кој очигледно е роден под среќна ѕвезда!) им кажува на овие две прекрасни девојки (кои се впуштаат во разговор со него!) дека порано во својот град Милвоки бил модел и дека дошол во Лос Анџелес за да се обиде да си го оствари животниот сон и дека живее на плажа бидејќи го сака номадскиот хипи живот. На девојките им се допаѓа момчето и неговата животна приказна и успеваат да го убедат својот менаџер да му помогне и да му најде модна агенција. Тоа и се случува па набргу Џон станува манекен во агенцијата  „Two Management“ со која склопува договор и животот преку ноќ му се промени за 360 степени.

Маркетинг

„Кендал е кул девојка и многу е опуштена. Со неа водев нормален разговор за животот, глумата, манекенството и за приватни работи… Ова навистина е неверојатна приказна и јас навистина бесконечно сум им благодарен на овие девојки. Едноставно бев на вистинското место во вистинско време“, вели младото момче кое и сега, и покрај тоа што работи за познатата агенција, се уште живее на плажата Венис бидејќи го сака номадскиот живот! 

Маркетинг

„Сакам да бидам познат топ модел и да имам блескава кариера како онаа на Кендал Џенер и Џастин Бибер кои се познати во целиот свет“ вели тој и додава: „Имам доста самодоверба, верувам во себе и знам дека можам да го остварам мојот сон.“

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button