Реклама
FashionШопинг

Запонува Сити Базар – јануарска викенд приказна 

На 25 и 26 јануари ќе се одржи „Сити базар – јануарска викенд приказна“ на првиот кат во Скопје Сити Мол, на кој ќе се претстават 17 занаетчии со органски производи од мед, еколошки восочни продукти, накит, чанти и аксесоари од керамика и кожа.

Реклама

На базарот ќе земат учество брендовите: Ателје Tara Fashion, VGJ ArtIrena’s bouquets, од пчеларското здружение „Природен мед“ земаат учество: пчеларство И.З.Про-Мед и пчеларство Митревски INFINITY DIVINE, МЕДАРНИЦА, Мое катчеINFINITY ACCESSORIESКатарина Дода, Еpoxy handmade by clayАrtemis- рачни изработкиАтелје СиенаФРЕНКЛИZen.Zeal и Монкдолс.   

Од јануари, на првиот кат од Скопје Сити Мол започна нова и возбудлива иницијатива – „Сити базар“. Оваа платформа подразбира организирање месечни настани, кои ќе го оживеат духот на оригиналните и современи производи, како и на традиционалните уметности, нудејќи широка палета продукти изработени од вештите раце на македонските ракотворци.

Како општествено одговорна компанија, Скопје Сити Мол активно се грижи за поддршка на локалните производители и занаетчии, создавајќи платформа која ќе им овозможи да ги прикажат своите уникатни ракотворби. Со оваа иницијатива, Скопје Сити Мол не само што ќе обезбеди простор за промовирање на иновативните занаетчии, туку и ќе ги поттикне посетителите да го поддржат домашното производство и да го ценат креативниот влог на македонските ракотворци.

Маркетинг

Со поттикнување на локалната заедница и промовирање на традиционалните и современите занаети, овој нов проект, не само што ќе создаде платформа за македонските производители, туку и ќе ги задоволи интересите на посетителите со разновидни настани што ќе ја афирмираат локалната култура.

Новата платформа „Сити базар“ ќе се одржува секој месец во текот на годината, на првиот кат на постојана локација и секогаш со нова тема ќе понуди различни настани, фестивали, базари, перформанси, едукативни и интерактивни работилници… насочени кон промоција на македонските креативци.

Маркетинг

„Сити базар“е можност да се создаде нова културна и социјална динамика во нашата заедница, место каде ќе се поттикнат позитивни промени во општеството и каде ќе се збогатат искуствата на сите посетители.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button