Дом и семејствоКариераПрепораки
COVER STORY

Еве како да го запишете вашето дете во едно од најмодерните училишта и зошто тоа е поразлично од останатите

Неспоредливата шанса за развој на образовниот и личен потенцијал до максимум во Меѓународното училиште „Максимилијан“

Advertisement

Доколку сакате вашето дете да учи во средина што нуди највисоки меѓународни стандарди, индивидуален пристап и образование со лиценца од Оксфорд, вистинскиот избор е Меѓународното училиште „Максимилијан“. Уписите за прво одделение и за средно образование во ова училиште започнуваат од 1 април 2025 година и ќе траат сè до пополнување на слободните места…

Во светот на образованието, родителите често се соочуваат со изборот дали да го запишат своето дете во државно или во приватно училиште. Приватните училишта се сметаат за подобар избор за родителите кои сакаат да обезбедат квалитетно образование и целосен развој за своите деца. Одлуката за приватно училиште често е мотивирана од желбата да се добие образование што ги следи највисоките меѓународни стандарди и го поттикнува личниот развој на учениците.

Такво училиште е Меѓународното училиште „Максимилијан“, основано во 2009 година, и познато по својот посебен и иновативен пристап во образованието. Ова училиште лоцирано во срцето на Градски парк, не само што нуди квалитетно образование, туку и создава средина која е поддржувачка, креативна и која им дава на учениците вистинска можност да го развијат својот потенцијал – до максимум.

Advertisement

Што е поразлично во МУ „Максимилијан“ во однос на државните и останатите училишта?

Меѓународното училиште „Максимилијан“ обезбедува квалитетно и сеопфатно образование преку предучилишна програма, одделенска и предметна настава, како и средно образование.

Едно од најмодерните приватни училишта во регионот

Една од клучните разлики меѓу државните и приватните училишта е квалитетот на наставата. Приватното училиште „Максимилијан“, ги следи меѓународно признаените образовни програми, како што е International Baccalaureate (IB), што овозможува учениците да стекнат глобално признаено образование.

Advertisement

Настава на англиски јазик, паралелки до 10 ученици

Програмите во Меѓународно училиште Максимилијан се во контекст на критичко размислување, истражувачки вештини и независност во учењето, кои се особено важни во современиот свет.

Одделенијата составени од помал број ученици (десет ученици), значат дека наставниците и професорите можат да посветат повеќе внимание на секој ученик, што пак, дава многу повеќе простор за индивидуалност и персонализиран пристап кон учењето. Ова е нешто што државните училишта честопати не можат да го овозможат, поради големите паралелки. И како што во една пригода ни откри и директорката на училиштето, м-р Софија Филиповска Јордановска, токму малите паралелки им обезбедуваат квалитетна настава на учениците, интеракција со секој ученик и лесно детектирање на полињата на кои треба повеќе да се работи, како и рано препознавање на талентите на учениците (повеќе за ова прочитајте тука).

Меѓународен курикулум на Оксфорд

„Максимилијан“ е единственото училишта во регионот со лиценца од Оксфорд, што носи значителни предности за учениците.

Лиценцата од Оксфорд не е само печат на квалитет, туку и гаранција дека образованието што се нуди е на највисоко ниво, со меѓународни стандарди кои се признаваат низ целиот свет.

Што значи лиценцата од Оксфорд?

Учењето базирано на оваа програма не само што им помага на учениците да се стекнат со академски знаења, туку ги подготвува и за животни вештини кои се од суштинска важност за успех во 21-от век.

Повеќе можности за индивидуален развој

Приватното училиште „Максимилијан“, нуди индивидуален пристап и внимание на потребите на секој ученик.

Во училишта со мали паралелки, како овде, се создава поттикнувачка атмосфера во која учениците се охрабруваат да поставуваат прашања и да го прошират своето знаење, без да се чувствуваат „изгубени“ во група. Меѓународните програми во Максимилијан, како што е PYP (Primary Years Programme), ја поттикнуваат целокупната личност на ученикот – од академски развој до социјални и емоционални вештини.

Иновацијата не престанува тука

Учениците на „Максимилијан“ имаат пристап до современи методи на настава, вклучително и користење на нови технологии и пристапи кои го поттикнуваат креативното и критичко размислување. Во ова училиште не се препознаваат само талентите на учениците, туку од страна на професорите активно се работи и на нивно негување и развој.

Инспиративни активности и зголемени можности

Приватното училиште „Максимилијан“, исто така нудат разновидни активности кои го надополнуваат класичното учење.

Спорт, уметност, истражувачки проекти и културни настани се само дел од понуденото. Овие активности не само што ја подобруваат физичката и креативната страна на ученикот, туку помагаат да се развијат важни комуникациски и социјални вештини.

„Максимилијан“ е модел на меѓународен пристап кон образование, и родителите кои го сакаат најдоброто за своите деца имаат опција да го запишат своето дете во ова училиште, кое нуди високо квалитетно образование во мала и поддржувачка средина.

Пријава за упис во училиштето

Кликнете тука и побарајте повеќе информации за Меѓународното училиште „Максимилијан“ или тука ако сакате да го пополните формуларот за пријава.

Со пополнување на формуларот не го запишувате Вашето дете во училиштето формално, туку само покажувате интерес за упис. Во рок од 48 часови од приемот на формуларот, стручниот тим од училиштето ќе контактира со Вас околу понатамошните чекори за формален упис во училиштето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button