На водителката и се пријаде сред емисија
Бремената Јована Јеремиќ, водителката на емисијата „Запознајте ги паровите“ огладна за време на шоуто. Таа почека да дојдат рекламите, па додека траеше паузата на емисијата која што се емитува во живо извади краставица и почна да ја лупи сред студио. И додека Јована го правеше ова, камерите ја снимаа, па водителката подоцна видеото го објави на нејзиниот профил на Инстаграм.
„Ова ми е вечера. Краставица и јогурт. Не сум од оној тип на бремени жени па да бидам како амерички плакар со три врати, а најјаки ми се оние жени кои ќе се осмелат да ми пријдат и да ме прашаат: ’Зошто ти не јадеш се’? Зошто држиш диета?’ Па токму затоа за да не бидам трокатен шифоњер како ти другарке моја иако не си бремена“, вели Јована во видеото.
Таа со оваа изјава ги изнервира нејзините следбеници на социјалните мрежи, кои и порачаа дека е „исфурана“ селанка.
„Ти си обична занесена селанка. Па, Боже, и да ги навредуваш оние кои се подебели од тебе, па жено, подобро да си дебела отколку занесена селанка“, и порача една девојка во коментарите.