Овие хороскопски знаци се привлекуваат, ама нивната врска нема да успее!
Откријте го хороскопскиот знак со кој, едноставно, мора да бидете заедно во некој момент во животот, барем според ѕвездите…
Овен и Вага
Љубовната врска е голем предизвик и за двата знака и тешко можат да и одолеат. Вагата како хороскопски знак е софистицирана, а Овенот сексуален, а тоа се две различни нешта што силно се привлекуваат една со друга. Сепак, нивната врска не може да трае долго, бидејќи софистицираноста, умереноста и пристојниот начин на живеење го вознемируваат Овенот кој не може да се промени, и покрај големите напори на Вагата.
Бик и Шкорпија
Кавги и конфликти во врската помеѓу овие два знака се неизбежни – дивата страст на Шкорпијата за сексуално уживање лесно го заведува нежниот Бик. Биковите се пасивни во врските, а тоа на Шкорпијата не ὺ се допаѓа, па кавгите искрснуваат постојано. За врската да трае долго, потребно е страста да се премести од спалната соба на другите аспекти на животот.
Близнаци и Стрелец
Кога Стрелецот ќе го запознае Близнкот, привлечноста се гледа од авион. И тоа не само физичката привлечност, тоа е исто така и привлечност на психолошко ниво – тие едноставно се согласуваат. Што на Близнакот не му се допаѓа кај Стрелецот? Тоа е нивното верување дека тие знаат сè најдобро, додека тенденцијата на Близнакот да озборува го нервира Стрелецот.
Премини на следната страна >>