
Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои производи во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани…
Овој маркет уште со самото отворање е познат по пониски цени, посебно за оние што ги следат акциите, но и сакат да заштедат.
Па така на месечно ниво доколку пазарите во овој маркет би можеле поприлично да заштедите, а оние што ги имаат во своја близина веќе се навикнати на производите што овој маркет ги нуди.
И додека некои од нив ги има само на ова место, други се поевтини, а тоа важи и за свежиот зеленчук што го продаваат.
Фото: Гламур
Претпоставуваме дека веќе погодувате за кој маркет станува збор, а за денес ви откриваме што е моментално на попуст.
Да, во прашање е КАМ маркет, кој повторно ни се наметна како алтернатива, а ова се цените на некои производи што овој пат ни го привлекоа вниманието, па споредете ги со оние од продавниците во кои вие купувате најчесто и во коментарите на Фејсбук (види тука) кажете ни каде според вас е најевтино.
И да, сигурни сме дека и вие се нервирате за поскапувањата, па ајде заедно да откриеме кои производи каде се најевтини.
Принтскрин/ Фејсбук, КАМ
Од новиот каталог на КАМ може да видиме дека во нивните продавници се продава замрзнат прасешки бут на 20 % попуст.
И замрзнатите капини во канче од 300 грама имаат привлечна цена – од 89 денари, на попуст се 69 денари.
Фото: Гламур
Говедскиот чаден колбас од Златиборац исто така е на попуст така што сега се продава за 219 денари, наместо 255 денари, а за љубителите на Принглес, во КАМ овој чипс е најевтин – 119 денари за пакување од 165 грама.
Краставиците според каталогот кој важи од 17. до 23. февруари се продаваат по цена од 97 денар за еден килограм.
Принтскрин/ Фејсбук, КАМ
И за крај оваа недела во КАМ се продаваат интересни стаклени и пластични кутии, кои навистина изгледаат симпатично.
Па, дали нешто од ова би купиле?
И каде пазарите вие, односно каде според вас е најевтино, а каде газдите малце „забегале“ со цените?