Заљубувањето и хороскопските знаци: Овните се заљубуваат на прв поглед, а на Лавот ништо не може да му избега
Зар има некој кој не ужива во магијата на заљубувањето?
Зар има некој кој не ужива во магијата на заљубувањето? Сигурно повеќето ќе одговорат негативно. Но, дали сте знаеле дека на тоа влијае и вашиот хороскопски знак? Во продолжение откријте какво заљубување има секој од хороскопските знаци, па можеби ќе успеете да ги препознаете чувствата на вашето потенцијално момче!
Овен
Овните се заљубуваат на прв поглед. Ним им е потребен само еден момент за да сфатат дали сакаат некого или не. Тој не мисли која е таа личност, дали е добра или не, дали е богата или сиромашна. Овенот не мисли многу, туку реагира на страст и импулс.
Бик
Биковите имаат поизразени сетила во однос на другите знаци. Сепак, тој чека да се заљуби, доволно да ја запознае личноста за да се впушти во нешто посериозно со неа.
Близнаци
Близнаците се заљубуваат лесно и често им се восхитуваат на повеќе личности истовремено. Ако ги состават сите заедно и ги изберат најдобрите нивните карактеристики, Близнаците од тие личности може да создадат совршена личност. Затоа личностите родени во овој хороскопски знак често се растргнати помеѓу две сакани личности…
Рак
Раковите се заљубуваат лесно, но ретко го покажуваат тоа затоа што се плашат да не бидат повредени. Тие често имаат лоши искуства од минатото, па затоа мала е веројатноста тие да преземат некоја иницијатива. Подобро би чекале подолго време осамени…
Лав
Ништо не може да им избега на очите на Лавот. Тој нема да реагира импулсивно, ниту пак се плаши од љубов на прв поглед. Извесно време ќе ја гледа само личноста која ја сака…
Девица
Девицата уште веднаш знае кој сака. Таа брзо донесува одлука и ретко прави грешка кога е во прашање проценувањето на човековиот карактер. Девицата се заљубува лесно и не разбира што се случува со неа.
Вага
Вагата не се заљубува лесно. Ако на Овните им е потребно само еден поглед, на Вагата ѝ се потребни неколку. Таа секогаш мери нешто. Мери дали е заљубена во една личност или во друга, колкава е подарената љубов и слично. Затоа и треба повеќе време за да одлучи.
Скорпија
Љубовта овде е како гром. Во еден момент Скорпијата заборава на сите работи и се чувствува како да ја удрил гром. Така изгледа почетокот на нејзиното заљубување…
Стрелец
Овој хороскопски знак е склон кон љубов и авантура. Во неговата природа е лесно да се заљубува, затоа што е променлив карактер. Тој често својата страст ја префрла од една личност на друга.
Јарец
Тој не се заљубува лесно, но кога го прави тоа, сака полека да ја освојува личноста. Овој хороскопски знак е роден маратонец кој трча на долги стази. Никој лесно не може да го освои вниманието на Јарците.
Водолија
Водолиите лесно се заљубуваат, но уште побргу се одљубуваат. На овој хороскопски знак важни му се возбудливите работи и тешко одржува длабоки емоции кон една личност подолг период.
Риби
Рибите постојано се заљубени. Ако не во некој, тогаш во нешто. Тие лесно стануваат зависни од таа љубов, бар одредено време, додека не пронајдат нова љубов.