Циметот е зачин кој покрај тоа што го прочистува лицето, ја поттикнува циркулацијата и ја обновива кожата, тој е и одличнен за борба бротив акни и лошиот здив, а добар пријател е и на косата и убавите усни. Прочитајте како тој делува.
Поубава кожа
Циметот има антибактериско дејствие и антигабично делување што го прави одличен сојузник на убавата кожа. Тој се користи во пилинзи затоа што ги отргнува мртвите ќелии, ја стимулира циркулацијата и поттикнува да се обнови кожата. Меѓутоа, со него треба да се биде внимателен бидеји може да предизвика иритација, па затоа е најдобро најпрво да се испроба на раката.
Против лошиот здив
Циметот успешно ги решава проблемите со лошиот здив, а доволно е во чаша вода да ставите една лажичка од овој волшебен зачин и да го измешате со една лажичка мед. По ова, измијте го грлото со оваа мешавина и направете го тоа неколку пати во денот. Истото дејство го имаат и стапчињата цимет, кои можете да ги џвакате, особено откако ќе испиете кафе.
За поголеми усни доволно е малку цимет
Овој зачин е составен дел на кармините кои имаат ефект да го зголемат волуменот. Тој по природен пат ги зголемува усните, а доволно е да го помешате со вазелин и да го нанесете на кожата. Оставете го да делува неколку секунди и ќе добиете визуелно поголеми усни без естетски операции.
Го стимулира растењето на косата
Циметот го стимулира растењето на косата, па така тој е одличен избор за сите оние кои што ги мачи претерано опаѓање на косата. Две лажички цимет и едно јајце ставите во половина шолја со топло маслиново масло и помешајте го. Смесата тријте ја во коренот на косата и оставите ја да делува 10-15 минути пред да ја измиете.
Комбинација на цимет и мед ги уништива акните
Овој зачин ги прочистува порите и го спречува настанувањето на акните. Маска од три лажички мед и една лажичка цимет ќе го очисти лицето од бактерии, ќе го намали црвенилото и ќе го нахрани кожата. Доволно е да оставете маската да делува 10 минути, а потоа да се испере со млака вода.
Извор: 24сата.хр