Модната икона и дизајнерка се појави на доделувањето на „Бамби“ наградите во Берлин со малку необична шминка на лицето.
Дизајнерката која беше наградена за нејзиниот успешен бренд, се одлучи за популарната шминка smoky eyes (зачадени очи), која според многу критичари беше „презачадена“.
Впечатливата шминка Викторија (39) ја носеше со елегантен долг фустан, а на фотографиите нејзините очи кои се пренагласени со ајлајнер, едноставно ја ставија во втор план нејзината комбинација (која мораме да признаеме дека беше екстра како и секогаш).
Инаку, наградата во категоријата за мода и ја предаде нејзиниот долгогодишен пријател Карл Лагерфајлд со кого што се понаваат уште од времето кога таа беше една од „спајсиците“.
Покрај неа, „Бамби“ награди добија и Мајли Сајрус во категоријата на поп изведувачи, потоа Бил и Мелинда Гејтс за добротворни работи, како и Роби Вилијамс во категоријата за најдобар забавувач.