Студените денови ни пристигнуваат, метеоролозите предвидуваат многу снег и ниски температури. Во модата последните години најважна е практичноста. Па затоа се повеќе и повеќе модните диктатори ги олеснуваат трендовите.
Оваа сезона практичноста е ставена во делот кај топлата облека. Наместо да трупате на себе шалови, капи, па да се случи да заборавите нешто, во модата постои еден практичен изум кој е позајмен од облеката на скијачите т.н балаклави.
Занете ли што е тоа?
Ѕирнавме малку во историјата од каде потекнува ова парче и верувале или не има серизна поврзаност со армијата.
Иако на прв поглед ништо, балаклавите кои денес ги гледаме во модни комбинации се направени по примерот на покривката што ја носеле британските војници во 19 век, а кои и денес го наоѓаат своето место во воената или полициската опрема.
Сепак, балавите како моден додаток не го покриваат целосно лицето, туку се мобилни качулки кои се одличен хибрид на капа и шал. Модерните верзии на балаклава комбинираат функционалност и стил, а се идеални за студените зимски денови кога сакате да го усогласите стилскиот и топол изглед.
Дизајнерите и брендовите во своите колекции презентираат балаклави во широк спектар на материјали, од луксузна волна и мек кашмир до практични тенки плетива кои се идеални за слоевитост. Разновидноста на бои и дезени е особено впечатлива – од класични неутрални тонови како црна, сива или беж, кои лесно се вклопуваат во секој аутфит, до шарени нијанси.
Балаклавите стануваат задолжителен додаток на зимските комбинации, внесувајќи доза на необична естетика која успешно го комбинира ретро стилот со модерен шмек и внесува свежина во секоја зимска комбинација!
Еве како можете да ги комбинирате оваа зима: