ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ КАКО НИКОГАШ ПОРАНО! Лавот не може без луксуз, а Овенот без авантура!
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Стил на патување: Истражувачки
Сакате: Нови територии, места со богата историја, национални паркови, спонтаност и непредвидени авантури.
Стрелците сака да се менуваат и секогаш да истражуваат нови работи за да ги прошират своите хоризонти и да научат нови работи. Затоа, секогаш се подготвени за акција и авантура, а патувањето со нив е посебно доживување.
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Стил на патување: Корисен
Сакате: Планини, хотели со позадина, музеи, големи животни искуства.
Јарецот сака неговите патувања да имаат смисла, да прават нешто што ќе го паметат целиот свој живот или на некој начин да придонесат. Волонтерско патување каде ќе им помага на другите или патување што ќе им овозможи повторно да се поврзат со стари пријатели и семејството, тоа е вид на одмор што тие преферираат. Најмногу им одговара поеднаково количество одмор и активност.
ХОРОСКОПОТ ВО ПРАКСА: Дознајте кои знаци се добри, а кои лоши возачи!
ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Стил на патување: Без план
Сакате: Природни убавини, авантура, многу одмор и истражување на нови интересни места.
Водолиите сакаат да ги избегнат вообичаените ’стапици’ за туристи и да истражуваат на своја рака. Интересни тури и нови искуства секогаш ги привлекуваат, а добра комбинација од одмор и активност е вистинското нешто за нив.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Стил на патување: Наоѓање фокус
Сакате: Вода, романса, колиби и едрење.
На Рибите е тешко да им се угоди, бидејќи сакаат да сонуваат, но обично најмногу им одговара одмор во близина на вода или на тивко место изолирано од надворешни влијанија. Така можат да се опуштат и повторно да пронајдат фокус.
Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, а за месечниот хороскоп за јули, кликнете тука.