Сигурно ќе ве насмее овој опис и однесување на хороскопските знаци по нивното будење. Кој се подготвува брзо, а кој дреме пред огледало? Дознајте во продолжение!
6:00: Јарецот станува и го вклучува болјерот. Помина времето за евтина струја.
06:20: Водолијата заминува на утринско трчање.
06:30: Вагата и Лавот се пред огледало, мачкајќи хидратантен крем и гел за коса.
06:50: Бикот појадува нутела и тоа со голема лажица.
06:45: Стрелецот станува и повторно го вклучува болјерот.
07:00: Ракот прави сендвичи, Девицата цеди свежи овошни сокови, Близнаците се’ уште се во кревет, со мобилниот во рака проверувајќи Фејсбук, Твитер, Инстаграм.
07:05: Скорпијата ја руши вратата од бањата, Вагата излегува навредена со несесер во рацете.
07:10: Овенот станува и вклучува стоперка.
07:11: Овенот истуширан, облечен, се симнува по скалите, ја гаси стоперката.
07:15: Бикот со лажицата го греба теглото нутела. Нема веќе.
07:20: Вагата и Лавот повторно се поред огледало, за последно го преверуваат својот изглед и се воодушевуваат самите на себе.
07:30: Водолијата се тушира со ладна вода, Јарецот повторно го исклучил болјерот.
07:40: Сите заминуваат.
07:45: Близнаците се враќаат, го заборавиле еден од нивните три мобилни телефони.
07:50: Близнаците повторно се враќаат. Го заборавиле паричникот.
08:00 Рибата се буди и сфаќа дека е заклучена во станот!