За три хороскопски знаци утрешниот петок 13 ќе биде празник – мистерии, расплети и среќа ќе ги следат насекаде
Проверете дали сте вие меѓу среќниците.

Петок 13-ти со себе носи некои навистина застрашувачки вибрации. Уште од дамнина се сметал за несреќен ден, па многу луѓе се повлекуваат или избегнуваат да донесуваат важни одлуки.
Ако сте особено суеверни, можеби ќе се плашите да видите на календарот – токму утре е петок 13-ти. Но, за некои хороскопски знаци, петок 13-ти ќе биде речиси како празник.
Бик
Како еден од поконкретните зодијачки знаци, Бикот не се „пали“ лесно на приказните за петок 13-ти. Овој трудољубив и постојан земјен знак ќе сака да ја докаже заблудата на суеверните луѓе преку тоа што ќе биде екстра “нормален” и продуктивен цел ден. Некои тврдоглави Бикови може дури да се обидат да завршат повеќе работа од вообичаено.
Бикот е исто така под влијание на Венера, светлата планета именувана по римската божица на љубовта. „Петок е денот од неделата поврзан со Венера и дури е именуван по неа ( на француски — Vendredi, на италијански Venerdi)”, велат астролозите. Како голем обожавател на се што е удобно, Бикот отсекогаш го сакал петокот, па на многу начини петок 13-ти може да го чувствува како “свој ден”.
Така многу Бикови токму утре ќе уживаат во романтична вечера дома или во ресторан и ќе ги прослават победите на денот.
Скорпија