NEWSБизнисВестиОгласи

За пет години становите во Скопје поскапи за речиси 100% – експертите предупредуваат: Не купувајте сега

Advertisement

Цените на становите во Скопје речиси се удвоија во последниве пет до шест години. Индексот на цените, кој во 2018 година изнесувал 100, денес достигнува 192,80, покажуваат податоците на Народната банка на Република Северна Македонија. Индексот е изготвен врз основа на анализи на огласените станови за продажба на територијата на градот.

Дали цените ќе продолжат да растат? За жал, одговорот е ист како и секогаш – ќе растат сè додека има луѓе подготвени да плаќаат вакви нереални износи, често само поради желбата „по секоја цена“ да се живее во Скопје.

Advertisement

Овој тренд е последица на неолибералните политики на сите досегашни и сегашни влади, според кои државата не треба да се меша во економијата, а целата иницијатива е препуштена на приватните градители. Тоа, според професорот Дејан Трајковски, не е ниту фер, ниту нормално.

„Дури и во Сингапур, земја со едни од најлибералните економски политики, државата преку својата јавна компанија HDB им гради станови на граѓаните по прифатливи цени. Кај нас, пак, дури и државното претпријатие што гради станови ги формира цените пазарно, преку наддавање, наместо врз основа на производните трошоци“, вели Трајковски.

Тој прашува дали постои политичка партија што би се заложила за ваков модел на праведно домување, или ќе продолжиме да дозволуваме „урбаната мафија да дивее и да им ја цица крвта на граѓаните“.

Во моментот, најразумниот совет според него е јасен:

„Не купувајте станови во Скопје, затоа што едноставно не вредат толку. Работејќи дури и за нешто пониска плата во внатрешноста, ќе задржите многу повеќе пари, отколку ако цел живот работите за банките и алчните градежни компании.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button