За овој стан од 74 м2 во Карпош бараат преку 150.000 €?! Ненормални цени, никогаш не било поскапо
Станот е на 6 кат во зграда со 2 лифта

Во моментов во Македонија најчитани се огласите на викендички, но и на станови кои се наоѓаат во урбани средини.
Овој пат во фокусот ни е еден оглас што беше објавен на една Фејсбук страница, а во кој се продава стан во Карпош 3.
Побарувачката за недвижнини се уште е голема, посебно во главниот град, а по се изгледа најатрактивни се оние со средна големина.
Илустрација (Фото: Фрипик)
Впрочем тоа може да се види и од овој оглас, во кој се продава стан од 74 м2 во една од најпосакуваните делови во Карпош 3.
Во станот постои можност да се направат три спални соби, моментално има две, а се наоѓа на 6 кат во зграда со 2 лифта.
Станот е наместен, има шпајз и централно греење, како и тераса од 7 м2, а се наоѓа во еден од најубавите делови на Карпош 3.
Илустрација (Фото: Фрипик)
Станот е со големина од 74 метри квадратни и се продава за 151.000 евра за плаќање во готово, што значи околу 2040 евра за квадрат.
Постои можност и за рати.
Целиот оглас погледнете го тука…