За новата песна Каролина доби само една „замерка“

Најдобрата македонска поп-пејачка Каролина Гочева, по долго време има нова поп песна. Ова е проект направен со проверен тим за Каролина, односно таа за овој сингл соработуваше со колеги од сараевско студио.
„Мог живота дио“ е новиот ритам кој Гочева пред неколку денови го пушти во етерот.
Недостасуваше ваква квалитетна поп музика, Одлична песна, Феноменален глас, Предобар текст, Добредојде назад Каролина, Одлична песна, со душа ја чекам на македонски, Овие стихови подбро ќе звучат на мајчиниот јазик…

Ова се дел од бројните коменатри откако излезе песната во јавноста. Како што можете да забележите само пофални зборови и позитивни критики, а едниствената „замерка“ е тоа што македонската публика сакаат да ја чујат песната и на македонски јазик.
AdvertisementView this post on Instagram
Пејачката не излегла со изјава дали песната има препев и на друг јазик, а за тоа како ви се допаѓа оваа мелодија ве оставаме да си процените сами.
,„MOG ŽIVOTA DIO” беше љубов на прво слушање 🧡
Снимена пред повеќе од една година, спотот нешто брзо после тоа… би била среќна доколку оваа песна ве допре и вас на истиот начин на кој ме допре и мене – напиша Каролина.
Инаку текстот и музиката се дело на Дино Мухаремовиќ, а аранжманот на Дино Шукало.
View this post on Instagram
За изгледот на Каролина се погрижија Јована Зука, Октај Сејди и Дадар.