За Нова година ќе останам тука и ќе изненадам едно СРЦЕ што е на работа – искрено со Дунавка Трифуновска
Дунавка одамна не сме ја виделе на ТВ-екраните, порано беше чест гостин во емисиите од шоу бизнисот.
Нашата убавица, некогаш русокоса, а сега згодна бринета, Дунавка Трифуновска, една од најконтроверзните личности на македонската сцена, мисицата која не остава никого рамнодушен со нејзината појава и харизма во последно време е тивка за јавноста.
Таа е стоматолог по професија, но луѓето повеќе ја препознаваат како манекенка која нема да се изненадите и ако денес ја видите на модната писта. Рамо до рамо со новите помлади колешки, Трифуносвка одлично се држи и изгледа кога е во модата прашање, се чини како да не старее , ами како да се разубавува. Што ли е причината за тоа?!
Така неодмана, атрактивната Дунавка прошета во креациите на „Елена Лука“.
Дунавка одамна не сме ја виделе на ТВ-екраните, порано беше чест гостин во емисиите од шоу бизнисот. Оваа атрактивна Македонка ги полнеше насловните што со војата впечатлива појава, но често и со некој трач, скандалите околку нејзиниот приватен живот, бракот и разводот со Ване Цветанов , а едно време наголемо се зборуваше за љубовта со познатиот Владо Јаневски, откако Дунавка јавно кажа дека се во врска. Радозналите медими не го забележа и нејзиното симпатично појавување на „Виенскиот бал“ оваа година во придружба со шармантниот струмичанец Горан Митров.
Ние предновогодишно направивме едно блиц интервју со Дунавка Трифуновска, а таа, пак, како и се когаш така и овој пат малку открива , но не доволно за да ја заскокотка јавноста што сака да каже …
Каде ќе ја дочекате Новата година?
За Нова година често одма во Охрид или во Гевгелија, но оваа година ќе останам тука, затоа што „Ова е наше Скопје“ и ќе изненадам едно срце што е на работа.
Дали треба нешто да си претпсотавуваме и дали случајно или не одговорот кого таа ќе го израдува вечерва се крие во нејзиниот одговор?! Останува да почекаме и да видиме дали ќе се појават во јавност некакви фотографии од оваа љубовна средба…
По што ќе ја паметите 2023 година?
Оваа година истовремено ме изненади и ме шокира со убави работи.Имам неколку нови познанства што ми го греат срцево, ја добив слободаат што ја сакам, се будам среќна и не живеам во нечии болни амбиции дека нешто мора и треба!
Што си посакувате во 2024 година?
Себеси си поскаувам мирно небо, добри луѓе и вистински средби сето доа далеку од завидливи и болни умови. Се останато ми дал Бог и сум му благодарна.
Ова е само интро од ЕКСКЛУЗИВНОТО интервју што ви го најавуваме со прекрасната Дунавка. НАСКОРО!!! Читајте Гламур.мк и во 2024 година!
Среќни празници!