Бизнис

За неколку килограми зелка го казниле 700 евра – звучи неверојатно, ама може на секој да му се случи

Никако не правете го ова, може да бидете казнети

Advertisement

Граничното подрачје помеѓу Хрватска и Босна и Херцеговина е место на кое што граѓаните можат да добијат високи казни и тоа за работи кои можеби на прв поглед звучат и крајно бизарни.

Па така една од причините е кршењето на прописите поврзани со внесување на храна и растителни производи.

Advertisement

Имено, внесување на растенија, но и растителни производи од земји како Босна и Херцеговина во Хрватска мора да биде во склад со строгите фитосанитарни правила на Европската унија – според овие прописи одредени видови зеленчук и растенија можат да бидат внесени во Европската Унија само со фитосанитарен сертификат, додека внесувањето без него е строго забрането.

Кршењето на овие прописи може да донесе до високи казни, а робата да биде одземена. Па така на граничен премин Изачиќ еден патник бил казнет со 700 евра затоа што сакал да внесе 15 килограми зелка без притоа да ја има потребната документација.

Покрај високата казна, на патникот од страна на цариските службеници му била одземена и зелката, пишува Курир.рс.

Висока казна наместо расолница

Според царинските службеници поголеми количини на зеленчук, како на пример зелка за зимница, не се за лична употреба, туку за препродажба, па тоа го зголемува и ризикот од казни.

Како што предупредуваат стручните лица, граничните правила не прават разлика помеѓу мала и голема количина

Па така внесувањето и на сосема обичен производ како што е на пример зелка без документација, може да донесе до висока казна.

Фото: Фрипик

Истото се однесува и за свежо овошје, зеленчук но и сите останати растителни производи – кога се внесуваат надвор од Европската унија во Хрватска, без фитосанитарен сертификат, казната е сигурна.

Како е во Македонија?

Во продолжение прочитајте и неколку работи што треба да ги знаете пред да заминете или дојдете во Македонија

Станува збор за дел од брошура издадена од Царинската управа на Македонија, а која се однесува на извоз и увоз на растенија, цвеќиња, овошје и зеленчук, но и на производите од животинско потекло,

ПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО

Патниците можат да внесат производи од животинско потекло на територијата на Република Македонија (сирење, кашкавал, сувомеснати производи) во вкупна количина до 1 кг. Доколку производите од животинско потекло надминуваат количина поголема од 1 кг, потребно е патникот да поседува потврда за извршен задолжителен преглед на стоката од страна на Ветринарносанитарен испекторат.

РАСТЕНИЈА, ЦВЕЌИЊА, ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

При увоз на растенија, цвеќиња, овошје и зеленчук во царинското подрачје на Република Македонија, задолжително да се поседува одобрение издадено од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство- Фитосанитарна управа, со кое се потврдува дека производите се здрави и необолени.

Покрај потребното одобрение, овие производи задолжително подлежат на преглед од страна на фитосанитарен инспектор.

Целата брошура погледнете ја тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button