Наши ѕвездиНовости

За него велат дека биде новиот Поповиќ – промени и во „Ѕвездите на Гранд“, ова име ги изненади сите

Оваа есен ќе биде во знакот на Цеца и Карлеуша

Advertisement

Нова сезона, нови изненадувања

Наскоро започнува новата сезона од шуто „Ѕвездите на Гранд“ во кое овој пат ќе гледаме и нови лица.

Advertisement

Имено, по заминувањето на Марија Шерифовиќ од шоуто за сите беше големо изненадување што на нејзино место доаѓа Дара Бубамара. Потоа следуваше заминувањето и на Вики Миљковиќ и Драган Стојковиќ Босанац кои се префрлија во Пинковите ѕвезди, а деновиве сите ги изненади и името на уште еден пејач кој ќе биде дел од новото жири во најгледаната емисија на „Гранд“.

Принтксирн/ Инстаграм, Гранд

Станува збор за Драган Којиќ Кеба кој веќе го потпиша договорот и ќе биде дел од новото стручно жири во „Ѕвездите на Гранд“.

Advertisement

Од друга страна и „Пинковите ѕвезди“ кои се враќаат на екраните од оваа есен не престануваат со изненадувања за своите гледачи.

Принтскрин/ Инстаграм, Пинк

Според досегашните најави на првиот човек на розовата телевизија Жељко Митровиќ, гледачите ги очекува спектакуларна сценографија со најнови технички достигнувања какви досега не се видени на овие простори. Големо изненадување беше и веста дека и контроверзната Јелена Карлеуша ќе биде дел од жирито, додека пак во „Ѕвездите на Гранд“ останува нејзиниот најголем „непријател“ од сцената, балканската фолк-дива, Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Инстаграм/ Огњен Амиџиќ

И како сето ова да не беше доволно, па овие денови од „Пинк“ открија и дека шоуто ќе го води Огњен Амиџиќ, еден од најпознатите и најгледаните селебрити водители на овие простори.

Неговата улога во шоуто ќе биде слична на онаа што беше на Саша Поповиќ во „Ѕвездите на Гранд“, а дали оваа „розова“ екипа ќе успее да ја надмине гледаноста на неговото шоу, останува да видиме.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button