БизнисВести

За нашинците во Америка не можеше да пристигне подобра вест

Advertisement

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека федералната влада ќе им исплати „дивиденда“ на граѓаните од најмалку 2.000 долари по лице.

Според неговата објава на платформата Truth Social, само граѓани со високи приходи ќе бидат исклучени од оваа мерка, без да наведе кога точно ќе почне исплатата.

Advertisement

Во истата објава, Трамп ја пофалил економијата на САД и изјавил дека новите царини ќе донесат „трилиони долари“ кои, според него, ќе можат да се искористат за намалување на државниот долг.

„Луѓето кои се против царините се будали!“, напиша тој, додавајќи дека САД се „најбогатата и најпочитуваната земја во светот“, со „речиси никаква инфлација и рекорден берзански индекс“.

Претседателот и порано зборувал за идејата владата да им исплаќа пари на граѓаните, но досега не ја реализирал. Според економските аналитичари, мерката би можела да има силен политички ефект во пресрет на изборната кампања за 2026 година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button