Кога станува збор за вештините за заведување, на жените Овни никој не може да им конкурира. Тие се родени лидери, а нивната хризма и динамичност со голема брзина го привлекуваат спротивниот пол.
Она што мажите посебно ги возбудува кај ив е нивната нескротлива енергија, при што секој нов ден го претвораат во нова и незаборавна авантура. Секако, тука е и нивната изразена страст и желба да го задоволат својот партнер и да му покажат што знаат. Жените Овни се многу оптимистични и борбени, па не сакаат партнери кои многу би доминирале, туку сакаат да пронајдат некој со кој се на иста бранова должина.
Ако сте се заљубиле во жена родена во хороскопскиот знак Овен и успевате да го следите нејзиното темо на живот, знајте дека до себе имате партнека која ќе се потруди секој ваш нов ден да го направи незаборавен и полн со спомени.
Кога се заљубува, жената Овен станува многу романтична, но и љубоморна. Таа не трпи лажење и измами.