За мајките од Кочани и Штип нема утеха, но мораат да се борат за своите права – модната дизјанерка Кикириткова отворено за мајчинството

Штипјанката Маја Кикириткова, една од најпопуларните модни дизајнерки кај нас не ги крие предизвиците од јавноста со кои се соочила и за време на двете бремености.
Таа е мајка на две прекрасни дечиња Лазар и Ева и двтете деца ги родила предвремено и со царски рез.
– Си велев зошто баш јас да морам два пати да поминувам низ истата болка, две предвремени породувања, два царски реза едно по друго за краток период од само две години, но јас сум таква во секое лошо се трудам да го анјдам доброто. Којзнае зошто требало така да биде, еден ден ќе се покаже можеби зошто баш јас. Фала богу децата ми се живи и здрави – вели таа во емисијата „Мамавизија“ кај водителката Беал -Александра Вуксановиќ.
Во емисијата Кикириткова се навраќа на спомените од детсвото, на тоа каква е нејзината мајка. За тоа каков бил животот во Штип. При тоа споменува и з атоа дека ги познавала семејствата на петте загинати деца од Штип во дискотеката Кочани.
– Ги познавам сите и тоа е болка која што не поминува. Градот е се уште облеан со тага, на плоштадод се уште стојат нивните фотографии, свеќи се палат се уште. За овие мајки, за овие родители нема утеха. Јас само ќе им порачам да продолжат до крај да се борат за нивните права – вели таа.
Според Кикириткова се што се организира во следниов период треба да биде од хуманитарен карактер за натсраданите од Кочани.
– Ние во Штип оваа година го одложивме настанот „Штип фешн дејс“ го одложивме, бидејќи едноставно се нема сила за нешто такво.Според мене не може да се организра нешто и се да тече нормално како ништо да не се случило. Секој еднен настан во следниов период треба да биде од хуманитарен карактер за настарданите од Кочани – рече таа.
Кикириткова открива дека никогаш не посакувала да се отсели од државава, но по оваа трагедија признава дека размислува и з атоа бидејќи се плаши за иснината на нејзините деца.
Целата емисјиа ја имате на следното видео.