Реклама
Хороскоп

За љубовта и смирението, духовни поуки од Св.Ефтимиј Велики – како да станете утеха за многумина

„Oна штo e сoлта за лeбoт, тoа e љубoвта за oстанатитe дoбрoдeтeли“ - говорел Св.Ефтимиј, светецот што го славиме денес, на 2 февруари.

Реклама

Животот на свети Ефтимиј Велики покажува дека човек станува утеха за многумина преку стекнувањето на благодатта на Светиот Дух, која се пројавува преку смирение, љубов и постојана молитва.

Свети Ефтимиј постојано нагласувал дека без смирение нема благодат. Човекот што се смирува, ги отсекува своите страсти и волја, станува сад на Божјата благодат. Само оној кој не се возвишува, туку себеси се гледа како најмал меѓу луѓето, може да им биде вистинска утеха на другите.

Името Ефтимиј значи утеха

Роден е oкoлу 377 гoдина, од бездетни, благочестиви родители кои преку усрдни молитви го испросиле раѓањето на дете. И добиле откровение дека нивната молитва е услишана, и дека од нив ќе се роди дете кое ќе биде утеха за Христовата Црква.

Дури и неговото име ќе значи утеха (Ефтимиј – „благодушен, исполнет со утеха“). Кога наполнил три години, му починал таткото. Благочестивата мајка го предала на воспитување кај епископот светителот Отриј во градот Мелитина вo близина на рeката Eуфрат (во тој град е и роден Ефтимиј).

Маркетинг

Божјиот избраник бил воспитуван и образован под раководство на Христовиот светител и двајца благочестиви учени млади луѓе, кои подоцна исто така станале епископи.

Со голема ревност тој го изучувал Светото Писмо, ја сакал осаменоста, постот, воздржувањето и особено се грижел за чистотата на срцето.

Маркетинг

Му било доверено надгледувањето на манастирите во градот, а особено сакал да престојува во обителта на светиот маченик Полиевкт, во чиј храм неговите родители, молејќи се некогаш за раѓање дете, добиле утешително откровение одозгора.

Пример за Велигденскиот пост

За време на Светата Четириесетница имал обичај да се повлекува на блиската гора за посебен пост и молитва. Ова особено почитување на Великиот пост го зачувал до крајот на животот, и подоцна, подвизувајќи се во палестинските манастири, исто така го минувал ова време во пустинско молитвено уединение. Токму ова е пример за оние што се подготвуваат за Великиот пост.

Во светите места на Палестина тргнал на 20-годишна возраст и, поклонувајќи се на светините во Ерусалим, за свој дом избрал една од пустинските ќелии во Фаранската Лавра, на 10 километри источно од Ерусалим.

За време на Четириесетницата, тој заедно со преподобниот Теоктист, кој се населил во близина, заминувал во пустинско осамување во Кутилијската пустина, североисточно од Ерусалим, каде што останувале во молитвено општење со Бога до Цветносната недела (Цветници).

По пет години, духовните пријатели одлучиле конечно да се населат во Кутилијската пустина. Таму пронашле тешко пристапна пештера на стрмниот раб на една карпа и се населиле во неа, живеејќи исклучиво од диви треви.

Основани манастири во пустинската област, оринтскрин Јутјуб

Еден ден, сепак, биле откриени од пастири кои дошле да го напојат добиток. Тие биле вчудоневидени од скромните услови во кои живееле подвижниците, а веста за нив брзо се проширила низ целата околина.

Луѓе почнале да доаѓаат, барајќи духовна полза и исцеление од болести. Наскоро, околу нив почнале да се населуваат оние што сакале да го следат нивниот монашки живот, и постепено се формирала киновија – манастир, чиј игумен станал преподобниот Теоктист, а духовник – преподобниот Ефтимиј.

Поучувајќи ги браќата, тој говорел: на монахот пред сè му е потребно отсекување на својата волја, смирение и послушание. Потребно е да се има на ум часот на смртта, да се бдее и да се моли. А сето тоа да се соедини со труд, односно „трудете се и молете се“, за да може телото да се обузда.

Тој самиот постојано извршувал ракотворна работа – плетење кошници, со што заработувал за своето прехранување, зашто „оној што не работи, нека не јаде“ (2 Сол. 3:10).

Духовен магнет

Се прославил со многу духовни дарови – исцелувал, изгонував зли духови, пророкувал, ги читал мислите на луѓето што му доаѓале и слично.

Но, барајќи уште поголемо доближување до Бога, преподобниот повторно, заедно со својот ученик Дометијан, заминал во пустински места. И таму, сепак, се покажала неговата дарба на чудотворство, па народот повторно почнал да се собира околу него.

Во знак на благодарност за чудесното ослободување на еден човек од зол дух, жителите од околината му помогнале на преподобниот да изгради манастир. Наскоро се собрало братство, и преподобниот станал игумен на новата обител.

Еден од бројните манастири што ги основал Св.Ефтимиј, во Еврејската пустина, фото-принтскрин Јутјуб
Еден од бројните манастири што ги основал Св.Ефтимиј, во Еврејската пустина, фото-принтскрин Јутјуб

Но, по некое време, повторно барајќи уште поголемо доближување до Бога, тој заедно со Дометијан се вратил во Кутилијската пустина. И таму му доаѓале луѓе, барајќи духовна корист. Преподобниот ги подучувал, ги советувал и ги лекувал, но не дозволувал никој да се насели до него, туку оние што сакале монашки живот ги упатувал во обителта на преподобниот Теоктист.

Но, еднаш, во сон имал видение, добил известување, односно, заповед, да не им го забранува спасението на оние што сакаат да се населат до него. Така настанала Лаврата, слична на Фаранската.

Сакајќи целосно спокојство и постојано барајќи го, подвижникот ја стекнува благодатта на Светиот Дух, така што станува духовен магнет, околу кој се создава заедница на монаси.

Понекогаш, кога основачот на манастирот ќе се почувствувал оптоварен од многубројноста на братството и од постојаниот прилив на поклоници, тој повторно барал осаменичко место и го напуштал своето создание. Но, во новата осаменост, околу него повторно се собирале монаси, и така повторно се создавала заедница.

А потоа, повторно ја барал посакуваната осаменост – за да основа нов манастир. Ефтимиј Велики не е единствениот пример од ваков вид. Доволно е да си спомнеме за преподобниот Иларион Велики, кој имал сличен духовен магнетизам.

Не можете сами, побарајте Божја помош

Пред своето упокојување, кое претходно го провидел, преподобниот им дал последни поуки на своите ученици.

Пред сè, зборувал за важноста на смирението и љубовта, која е „врската со совршенството“ и без која не е можно никакво добро дело.

Навистина, добродетелта, односно способноста да се исполнуваат Божјите заповеди, е возможна само со Божја помош, односно преку благодатта на Светиот Дух. А оваа благодат доаѓа само во смирено срце, а не во гордо, кое ја одбива.

Отсуството на љубов, злобата, ожесточеноста на срцето и непријателството – како последици на гордоста – исто така ја отфрлаат благодатта, така подучувал преп.Ефтимиј.

Бог е љубов, и во Него нема ни трага од омраза или непријателство. Затоа, како што вели старецот Силуан Атонски, ако некој во срцето носи омраза или непријателство, дури и ако мисли дека е оправдано, тогаш во неговото срце не дејствува Светиот Дух, туку непријателот.

А бидејќи во такво срце нема благодат на Светиот Дух, тој човек, без Божја помош, не може да ја исполни Божјата заповед, односно да стекне која било благодат. Зашто е речено: „Без Мене не можете да направите ништо“.

Љубов и смирение – тоа се првите и последни зборови на Господа. Алфа и Омега, сметал преп.Ефтимиј.

Раѓањето на Царот на царевите и Господарот на господарите се случи во сиромашна пештера, и Тој, повиен, беше положен во јасли меѓу добитокот. Првиот Негов збор по доаѓањето на светот беше за љубовта. Тој беше објавен на пастирите преку ангелите.

Ангелите се весници – тие не зборуваат од себе. Секој збор што излегува од нивните усти е збор на Самиот Господ. Токму Господ, штотуку роден, преку нив објави: „Слава на Бога во висините, и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја.“

Првите зборови на Неговата прва јавна проповед беа посветени на смирението: „Блажени се сиромашните по дух, зашто нивно е Царството небесно“ (Мт. 5:3).

Последниот збор пред смртта е особено значаен. Во миговите на предсмртното размислување, човекот како да го сумира својот животен опит. Затоа последните зборови на великите луѓе влегоа во ризницата на светската мудрост.

Така, Свети Јован Златоуст пред смртта рече: „Слава на Бога за сè.“ Александар Македонски, освојувачот на светот, заповеда да го погребаат со раката отворена, држејќи грст земја – потсетување на човечката ништожност.

Спасителот, пред да умре, ја даде заповедта за љубовта и се молеше за непријателите. А пред тоа, им ги изми нозете на учениците.

Не е чудно што Свети Ефтимиј, одејќи по стапките на својот Божествен Учител, пред смртта зборуваше за љубовта и смирението.

Се исполнија зборовите од небесното откровение, што неговите родители ги примија во манастирот на Светиот маченик Полиект. Со своето име кое значи утеха, Ефтимиј Велики, стекнувајќи ја изобилно благодатта на Светиот Дух, со неа го придобиваше и Духот на мирот и самиот стануваше утеха за другите. Како духовен магнет, тој ги привлекуваше луѓето околу себе, и, како што велеше Свети Серафим, околу него се спасуваа илјадници.

Бог се прославува преку смирение

Мирот, љубовта и добрината што човекот ги стекнува преку своето смирение, ги привлекуваат срцата на луѓето. И преку таков човек, Бог се прославува.

Наспроти на тоа, возвишувањето, гордоста, раздразливоста, непријателството и злобата го прават човекот без благодат. Лицето, изобличено од гнев и гордост, станува одвратно и не ги привлекува срцата на луѓето, туку ги одбива.

Пoслeдната запoвeд пред смртта на Св.Ефтимиј му била вo манастирoт да сe oдржува гoстoљубиeтo и пoртата на манастирoт никoгаш да нe бидe затвoрeна. Сe упoкoил вo 97. гoдина oд живoтoт.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button