За љубовта, луѓето и пријателството: Неверојатни цитати од „Малиот Принц“
Погледнете ги овие неверојатни цитати од една од најпреведуваните книги на сите времиња – „Малиот Принц“.
Погледнете ги овие неверојатни цитати од една од најпреведуваните книги на сите времиња – „Малиот Принц“.
“Времето што си го изгубил за твојата роза, ја прави толку важна”.
“Кога на тебе прв ти текне некоја идеја, ти земаш патент за неа и таа е твоја. Јас ги поседувам ѕвездите, бидејќи никој пред мене не се сетил да ги поседува.”
“Многу е потешко да си судиш сам себе, отколку да им судиш другите. Ако можеш да си судиш себе правилно, значи ти си вистински мудрец.”
“Пустината е убава – рече малиот принц, бидејќи крие некаде бунар …”
“Треба да бидеш многу трпелив. Ќе те гледам со краевите на очите и ти нема да кажеш ништо. Јазикот е извор на недоразбирања.”
“Знам една планета со еден червенолик господин. Тој никогаш не помирисал цвет. Никогаш не погледнал ѕвезда. Никогаш не сакал никого. Никогаш не правел друго, освен што водел сметки. Цел ден повторува како тебе: “Јас сум сериозен човек! Јас сум сериозен човек!”, и се полни со гордост. Но тоа не е човек, туку сунѓер!”
„Сите возрасни некогаш биле деца… но само малку од нив се сеќаваат.“
„Луѓето купуваат работи од продавниците, веќе направени. Но нема ниту една продавница во светот не продава пријателство, па затоа луѓето немаат пријатели веќе.”