За да ви тргне кон подобро и да најдете мир – простете им на оние кои ви згрешиле
Какви мисли имаме – таков ни е животот. Ако мислите ни се мирни и тивки, тогаш имаме мир. Ако мислите ни се негативни – ете немир.
Мирот и радоста се најголемите богатства на овој и оној свет. За нив сите тежнееме. Може да имаме многу работи, но ако немаме мир, тогаш немаме ништо. А мирот доаѓа од Господ. Господ ќе не’ награди со добро ако им правиме добро на другите. Ако во едно семејство царува мирот, тогаш тоа семејство шири љубов и позитивна енергија.
Најважно е да се опуштите. Не дозволувајте си на својот грб да носите премногу грижи. Чувајте го мирот и молете му се на Бога. Секое добро и секое зло потекнува од мислите. Со нив ние влијаеме на светот. Покајанието значи промена на животниот правец. Нашите мисли влијаат не само на нас, туку и на она што не’ опкружува. Мора да упатуваме добро мисли. Господ заповеда да ги сакаме своите непријатели, не поради нив, туку поради нас самите. Треба да простуваме од срце. Кога се простува од срце, се’ е простено. Кога домаќинот во куќата е оптеретен со грижи, во семејството никој нема мир и спокој од неговите мисли, дури ни малите деца во развој.
Внатрешниот мир не може да се сочува ако имаме немирна совест. Мораме да ја смириме и на сите да им простиме длабоко од нашето срце. Без тоа нема мир, ниту радост и среќа.