Хороскоп

За да ги заштитите вашите најмили, направете го ова утре – го славиме Свети Андреј Стратилат заштитник на семејствата

Не е важно колку зборови ќе изговори човек, туку колку чисто и искрено ќе му се обрати -токму тоа, според преданието, ги чува децата и најблиските од болести, несреќи и секое зло.

Advertisement

Утрешниот ден, 1 септември, е посветен на еден од најпочитуваните маченици во православната традиција – Свети Андреј Стратилат. Неговата животна приказна е сведоштво за непоколеблива вера, храброст и подготвеност да се жртвува за Христа, а самиот празник носи порака дека токму молитвата и искрената доверба во Бога се најсилниот штит за секое семејство.

принтскрин јутјуб

Андреј бил римски офицер кој, иако тајно христијанин, бил задолжен да ја предводи војската во борба против Персијците. На своите војници им кажал дека победата ќе дојде не од нивната сила, туку од Божјата помош. И навистина, војската ја добила битката, а Андреј, од тогаш, веќе не ја криел својата вера.

Advertisement

Бил осуден на маки, но чудесно преживеал, додека на крајот заедно со илјадници свои војници го дал животот во името на Христа. На местото на нивното мачеништво избил извор од чија вода, според преданието, луѓето се исцелувале од сите болести.

Со векови наназад, верниците се обраќаат кон Свети Андреј со молитви за здравје и заштита на домот. Се верува дека токму на денот на неговото празнување, небесната помош е особено блиску и дека секоја искрена молитва е услишана.

Не е важно колку зборови ќе изговори човек, туку колку чисто и искрено ќе му се обрати -токму тоа, според преданието, ги чува децата и најблиските од болести, несреќи и секое зло.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Свети Андреј се смета за заштитник на семејствата, но и на сите кои се наоѓаат во животни борби и искушенија.

Неговата вера, со која победил многу посилен непријател, е потсетник дека вистинската сила не е во оружјето, туку во довербата кон Бога.

Утрешниот ден не е само спомен на едно минато мачеништво, туку и порака за денешните генерации: дека во време на болести, неизвесности и немир, човек секогаш може да најде утеха и заштита во молитвата. Затоа, според народното предание, секоја искрена молитва упатена утре кон Свети Андреј ќе биде услишана – и со тоа ќе ја донесе божествената закрила врз домот и најблиските.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button