Биковите имаат енергија која секогаш ја насочуваат кон нешто корисно.
Овие луѓе прво добро ги испитуваат работите, а потоа тргнуваат во акција. За нив најважно е семејството, па затоа, ако сакате да бидете во добри односи со некој Бик, тогаш почитувајте ги неговите најблиски. Ако пак се обидете да повредите некој од тие членови, е тогаш ќе ја запознаете мрачната страна на Бикот.
На Бикот семејството му значи повеќе од што било, а за разлика од многумина, кога еден Бик ќе ви каже дека ве сака, знајте дека тоа е искрено. Овие личности имаат голема интелигенција, но и надворешна убавина. Никогаш не обидувајте се да ги промените овие личности, затоа што тие имаат цврст став и секогаш веруваат дека се во право.
Никогаш нема да знаете што се случува во главата на еден Бик, затоа што тој со никој не ги споделува своите мисли и чувства. Биковите обожаваат да ги изненадуваат своите блиски, но не со материјални работи, туку со мали, но важни гестови.
Биковите се тврдоглави, а притоа не им е грижа ако другите ги сметаат за чудни и невообичаени. Опуштени се со оние со кои треба и никогаш не зборуваат зад грб. Затоа, добро е да имате пријател Бик затоа што секогаш ќе ви ја кажува вистината во лице.