Диети

Погледнете ја оваа девојка која за 15 недели изгуби 70 килограми!

Реклама
Реклама

Публиката дефинитивно остана шокирана кога пред нивни очи виде дека оваа девојка за само 15 недели успеа да ослаби 70 килограми!

Маркетинг

Во популарното реално шоу „The Biggest Loser” во продукција на познатата телевизиска мрежа „NBC“ победничка беше Рејчел Фредериксон која за само 15 недели успеа да ослаби 70 килограми.

Таа сега наместо 117 килограми, колку што тежеше на почетокот на емисијата, тежи 47 килограми, а од нејзиниот резултат беа изненадени дури и нејзините тренери во шоуто.

Маркетинг

„За време на ова патување ја пронајдов личноста која што сакам да бидам, па таков стил и начин на живот ќе водам и понатака. Знам дека ќе ми биде уште подобро бидејќи животот ми отвори нови можности“ – изјави Рејчел и додаде дека имала голема поддршка од стручните лица и дека морала напорно да работи на себеси.

„Само ги следев советите на стучните лица и медицинскиот тим. Се беше природно и во склад со здравиот начин на живеење. Сега уживам во тоа“, изјави оваа девојка.

Но, од страна на публиката страстите се уште не стивнуваат, па голем дел од луѓето што ја гледаа емисијата коментираат дека Рејчел претерала со слабеењето и дека за толку кратко време не е здраво да се изгубат толку многу килограми.

Што мислите за ова?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button