Неизбежна е насмевката на секое лице кога ќе се слушне името на познатиот клуб Angels Cafe, што секогаш се поврзува со спектакуларни и незаборавни забави…
Како вовед ја имаа SUBMARINE PARTY, кога не понесоа во длабочините на добрата журка, потоа ја направија првата плажа без езеро или пак море. Спектакуларниот Summer Beach Festival беше посетен од илјадници “туристи” и урбани луге кои своите воодушевувања ги раскажуваат се уште. Играјќи во ритамот на пеколните темпратури и летното расположение имавме прилика да се разладуваме на FOAM PARTY, а менаџерскиот тим (Иван Крстевски, Љубан Стамениќ) на Angels Café најавува уште една луда и незаборавна журка за оваа Сабота – WHITE ANGELS PARTY. Се надеваме дека ваквата најава се однесува и на други величенствени журки…
Далечината и ограничениот простор нека не бидат пречките поради кои нема да може да бидете дел од најексклузивните журки кои некогаш се случувале во Штип…