Реклама
Интервју

„Кога си во Крушево“ повторно се враќа со адреналинска програма и концерти

Реклама

Оваа година фестивалот кој го носи името „ Кога си во Крушево“ повторно се враќа со добро познатата пограма и концертите со познати бендови и диџеи. Фестивалот ќе се одржи од 6-ти до 8-ми август во најоутдор градот Крушево. За тоа што ќе понуди овогодинешната програма, кои се може да учествува, но и како ќе се одвива фестивалот прочитајте во продолжение од интерјуто со организаторот на настанот Димитар Ангелкоски.

Што ве предизвика да направите еден фестивал како „Кога си во Крушево“?

Идејата за фестивалот “When in Krusevo” ја добивме и остваривме неколку другари. Целта беше да ја промовираме алтернативната страна на нашиот град. Иако започнавме многу скромно, сепак во 2017 година остваривме една успешна приказна со околу 200 пријавени учесници и повеќе од 1.000 посетители. Како изминуваше времето, фестивалот добиваше сè поголема поддршка и сè повеќе учесници и посетители. Денес броиме веќе 6 успешни изданија (4 летни и две зимски) исполнети со многу љубов, дружење и забава.

Колку сте задоволни од тоа како се одвиваше фестивалот изминатите години?

Изминатите години учесниците имаа прилика да уживаат во Крушевските убавини преку кампинг зона околу крушевското езеро, велосипедски и планинарски тури низ недопрената крушевска природа, летање со параглајдер, јавање на коњи, кајак, јога, детски игри, посета на крушевски знаменитости и концертни вечери на отворено. Само на последното летно издание нашиот град го посетија над 3000 посетители и над 500 учесници.

Маркетинг

Во 2019 се одржа и второто зимско издание. When in Krusevo – Winter is here кое морам да признаам дека ги надмина сите наши очекувања. Исполнети беа сите сместувачки капацитети во Крушево. На ова издание имавме над 250 учесници и повеќе од 2.000 посетители на Крушево. Учесниците имаа можност да уживаат во ноќните забаваи во локалните барови, дневните журки, дегустација на крушевските специјалитети, зимско тандем летање со параглајдер, јавање на коњи, како и рекреативни и професионални планинарски тури низ крушевските убавини.

Што ќе понуди овогодинешната програма на посетителите?

Оваа година фестивалот „WhenInKrusevo“ повторно се враќа со добро познатата пограма и концертите со познати бендови и диџеи кои едвај ги чекавме. Фестивалот ќе се одржи од 6-ти до 8-ми август во Крушево.

Маркетинг

Понудата на тури и активности вклучени во картата од 500 денари е збогатена со нови содржини и многу активности, вклучувајќи планински и велосипедски тури, карти за посета на три музеи и кампинг простор. Покрај овие активности, учесниците ќе добијат попуст за параглајдинг, јавање на коњи и кајак и SUP, а оваа година ќе имаат и можност да учествуваат и да го проследат интернационалниот настан Krushevo Trail Challenge (повеќе инфо на истоимениот настан на Facebook).

Музичката програма резевирана за вечерна забава до раните утрински часови, ќе биде исполнета со добро познатите рок бендови BackdoorBand и TheHounds, претставувајќи ги своите хитови, од кои и најновиот на TheHounds – Тишина. Исто така најауваме уште еден голем концертен спектакл за прв пат во Крушево, кој ќе биде откриен наредните денови.

Од диџејската програма, главниот носител ќе биде диџеј Галоски кој успешно ја гради својата кариера на интернационално ниво. Тој ќе се претстави со неговите добро познати техно траки како и промоција на своите најнови хитови, меѓу кои и Casualty која добива милионска слушаност на Spotify. Исто така програмата ќе биде дополнета со поддршка од локалните диџеи и DJ Babura Junior, особено познат на помладата публика.

За големиот број на заинтересирани учесници ќе биде обезбедена посебна камп зона со сите потребни услови, а секако на располагање ќе бидат и приватните и хотелските капацитети во Крушево.

За кого се е наменет фестивалот и како можат да се пријават сите оние кои сакаат да бидат дел од него?

Нашата замисла е овој фестивал да ги опфати сите возрасни групи, затоа секоја година се повеќе и повеќе ја збогатуваме нашата програма. Оваа година планираме да организираме и мини трка од 1км околу крушевското езеро, токкму за најмладите.

Цената на карта за ова незаборавно тридневното држење во Крушево е 500 денари (400 денари за групна карта 4+1), која сите заинтересирани може да ја купат на продажната мрежа на MkTickets (www.mktickets.mk), а претходно потребно е задолжително сите учесници да се пријават за учество на нашата веб страна wheninkrusevo.mk

Може ли ваков тип на фестивал да го заживее градот Крушево?

When in Krusevo е пример за сплотеност, толеранција и љубов. Ако не се почитуваме и поддржуваме меѓусебе, нема и останатите да не почитуваат. Затоа мислам дека заедничката заложба на секој од нас, нормално во рамките на нашите можности, може да придонесе да го зачуваме сјајот на Крушево и крушевските убавини.

Освен тимот на When in Krusevo, еден добар пример за подобрување на туризмот и општествената одговорност во Крушево се доста млади ентузијасти, тимот на When in X, Културна Младинска Акција, Крушево Будно, Викенд во Крушево, Црвениот Крст, Вкуси го Крушево, Гитар Фест, Крушевска Жена, основците, средношколците и многу други. Морам да напоменам дека особен придонес за развојот на туризмот и успешна реализација на сите овие настани и проекти даваат и многу наши поддржувачи, кои несебично застануваат позади сите овие наши искрени заложби.

Се надевам дека бројот на сите овие ентузијасти, активности и инцијативи секоја година ќе се зголемува и нашиот град со слога, разбирање и многу љубов не само што ќе ја збогати туристичката понуда, туку и ќе го подобри животниот стандард и квалитетот на живеење.

Фестивалот веќе прераснува во традиција, што следно се планира?

Нашите планови во иднина се When in Krusevo да се подигне на уште повисоко ниво, со многу побогата понуда и програма. Исто така очекувам во иднина и многу подобрена инфраструктура, со голема туристичка понуда, фестивали и активности во текот на целата година. Сметам дека тоа е еден од начините да го зачуваме сјајот на нашиот град.

Какви ќе бидат протоколите оваа година, затоа што сепак се работи за масовен настан како и за настан кој вклучува камп- зона?

Со оглед на тоа што веќе имаме организирано едно успешно пандемисико летно издание претходната година, очекувам и оваа годиина да помине фестивалот во најдобар ред. Затоа и апелираме до сите наши учесници да ги почитуваат сите мерки и протоколи пропишани од релевантните институции.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button